Кампроа Сан Џовани (италијански:Campora San Giovanni) — административна единица во општината Амантеја во покраината Козенца во Калабрија, Италија.

Географија thumb|right|200px|Панорама на Кампора. Кампора се наоѓа на брегот на Тиренското Море и е развиено на мало плато. Регионот е ридски и во него се произведува вино и маслинки. На лево од ова место се гледа заливот Ламезија Терме додека на десно се гледа вулканот Стромболи.

Историја Кампора Сан Џовани е релативно ново населено место. Во периодот од 1897-1899 година, тука се населуваат доселеници од блиските села Клето, Аило Калабро, Сан Пјетро Амантеја, Сан Манго д'Акуино, Белмонте Калабро, Лаго и др. Поради слабата економска развиеност и двете светски војни се доаѓа во состајба на големи иселенички бранови на населенирто кон Велика Британија, Канада, Австралија и Нов Зеланд. Ова доведува до значително намалување на населението.

Непосредно со завршувањето на Студената војна, во Кампора Сан Џовани се населуваат многу имигранти од Источна Европа и Африка.

Управа Територијата на Кампора Сан Џовани се состои од : Аугурато Каратели Колоњи Коца Кучивалја Фравите Гало (среден дел) Имбели Марано Маринела Мирабели Олива Пјана Кавало Пјана Маури Принчипеса Рибес Рубано Стритури Виланова

Стопанство

Економијата се заснова на земјоделството и туризмот. Од 1950 година популарна земјоделска култура е црвениот кромид, кој е доста ценет.

Знаменитости Во Кампора има стара голема кула која датира од 14 век и е единствена значајна зграда во местото.

Настани Франсис од Паола е локален светец заштитник и фестивалот во негова чест се слави од 1 септември до 3 септември. За време на настанот, статуата на светецот се носи низ улиците на населеното место.

Кујна Локалната кујна е типична за Калабрија која е составена од земјоделски и морски производи. Таа изобилува со месо, десерти и морски плодови.

Торти Број на странците (2007)Dati ISTAT 31-12-200620px Украина2020px Мароко1220px Романија50020px Кина2020px Полска1020px Албанија1020px Турција1020px Русија7020px Белгија2520px Франција5020px САД420px Бугарија35020px Канада1520px Венецуела1220px Молдавија2520px Мексико320px Перу220px Германија1020px Унгарија320px Швајцарија220px Србија920px Танзанија220px Сенегал5 Кузупа: типична торта за Велигден. Бичиноти о Бучиноти: типична калабриска торта. Пани и кастања: традиционална торта. Тирдили: божиќна торта.

Значајни личности Анџело Вадакчино — партизам и политички активист (1890-1976). Фабрицио Филипо — канадско-американски глумец. Фабијан Мацеи — аргентинско-шпански глумец и текстописец.

Наводи

Надворешни врски

Здружение на населени места на Кампора Сан Џовани

Категорија:Населени места во Калабрија Категорија:Козенца (покраина)