thumb|upright=1.1 Пост — воздржување од храна (или само некои видови на храна) во оние денови кои се одредени според каноните односно црквата. Постот и молитвата ги осветил и ни ги подарил Господ, Исус Христос, од времето кога постеше во пустината четириесет дена и четириесет ноќи и често се повлекуваше насамо на молитва. Оттогаш па наваму, постот и молитвата во Црквата се запазуваат и се живеат како една од нашите најголеми светости.

Христијаните кои побожно и редовно го запазуваат постот, го прават тоа како подготовка за Света Причест со Телото и Крвта Христови. Најстрог пост има во Исламската вера и Православното Христијанство. Во Католичката црква, постот не е толку значителен како во православието.

Православни пости

Православната Црква има еднодневни и повеќедневни пости.

Еднодневни пости

Среда и петок (освен т.н. редовни седмици)

Водокрст (спроти Богојавление) – 18 јануари Отсекување на Главата на Св. Јован Крстител – 11 септември Крстовден – 27 септември

Повеќедневни пости

Велигденски пости (од 06.03 до 22.04) Петровденски пости (од 19.06. до 11.07.) Богородични пости (од 14.08. до 27.08.) Божиќни пости (од 28.11. до 06.01.)

Редовни седмици:

Во среда и петок се блажи во следниве седмици:

Од Божиќ до Водокрст – од 07.01 до 17. 01 Седмицата на митарот и фарисејот – од 12.02 до 18.02 Месопусната седмица - од 26.02 до 04.03 Светлата седмица - од 23.04 до 29.04 Духовденската седмица– од 11.06 до 17.06 Надворешни врски

За постот

Категорија:Верски обичаи и поведение