Персиска мачка () — долговлакнеста раса на мачки што се одликува со тркалезно лице и кратка муцка. Во земјите од англиско говорно подрачје е позната и како „персиска долго-влакнеста“. Првите документирани предци на персиските мачки биле увезени во Италија од Персија околу 1620 година Широко признати за убави мачки од крајот на 19 век, персиските мачки први биле одледувани од Англичаните, а потоа главно од американците по Втората светска војна. Некои љубители на мачки ги сметаат хималајските и егзотичните кратко-влакнести како варијанти на оваа раса, додека други ги третираат како посебни раси.

Селективното размножување спроведено од одгледувачите на мачки, овозможило развој на широк спектар на бои на крзното, но исто така довело до создавање на персиски мачки со сè порамно лице . Фаворизирана од обожавателите, оваа структура на главата може да донесе со себе голем број здравствени проблеми. Како што е случајот со сијамската раса, имало напори од страна на некои одгледувачи да го зачуваат постариот тип на мачки, традиционалната раса, со поизразена муцка. Наследната полицистична бубрежна болест е распространета кај оваа раса, која влијае на речиси половина од популацијата во некои земји.

Во 2021 година, персиските мачки биле рангирани како четврта најпопуларна раса на мачки во светот според Здружението на љубители на мачки, американски непрофитен регистар за мачки.

Потекло Не е јасно кога за прв пат се појавиле долго-влакнести мачки, бидејќи не постојат познати примероци со долго влакно на африканската дива мачка, предок на домашниот подвид. лево|мини| Ангора/Персиец од Кралската природна историја (1894) Првите документирани предци на персиската мачка биле увезени од Хорасан, Персија, на италијанскиот полуостров во 1620 година од страна на Пјетро дела Вале ; и од Ангора (сега Анкара ), Отоманска Турција, во Франција од Николас-Клод Фабри де Переск во исто време. Хорасанските мачки ( ) биле обложени со сиво, додека оние од Ангора биле бели. Од Франција, набрзо стигнале до Велика Британија .

Неодамнешните генетски истражувања покажуваат дека денешните персиски мачки не се поврзани со расите на мачки од Блискиот Исток, туку со оние од Западна Европа, при што истражувачите наведуваат дека „Иако раната персиска мачка всушност потекнува од Персија, современата персиска мачка го изгубила својот филогеографски потпис“.

Развој

Персиски мачки и Ангорски мачки

Првата персиска мачка била претставена на првото организирано шоу за мачки, во 1871 година во Кристал Палас во Лондон, Англија, организирано од Харисон Вир . Како што примероците поблиску до подоцна воспоставената персиска конформација станаа попопуларни типови, беа направени обиди да се разликува од Ангорската мачка . Првиот стандард за раса (тогаш наречен листа на поени на извонредност ) бил издаден во 1889 година од страна на промоторот на изложбата за мачки, Веир. Веир изјавил дека Персијката се разликувала од Ангора по тоа што опашката била подолга, влакното пополно и погусто на крајот и главата поголема, со помалку зашилени уши.

Дороти Бевил зборува за разликата помеѓу двата вида во Книгата за сите мачки од 1909 година:Денешните долго-влакнести мачки со педигре се несомнено добиени со вкрстување на ангорската и персиската мачка; втората има позаоблена глава од првата, исто така крзното е со сосема поинаков квалитет.

Бевил забележал дека ангорските мачки и персиските мачки биле вештачки вкрстени, што резултирало со подобрување за секоја раса, но исто така тврди дека долго-влакнестата мачка добиена од вкрстувањето од 1909 година добила значително поголемо карактерситики од персиската мачка, отколку од ангорската.

Белвил изразил жалење поради недостатокот на дистинкција помеѓу различните типови на долго-влакнести мачки од страна на англиските љубители на мачки, кои во 1887 година решиле да ги групираат под терминот „долго-влакнести мачки“.  ]

Традиционална персиска мачка мини|Традиционални персиски мачки Традиционални персиски, или персиски со лице на кукла, се донекаде неодамнешни имиња за она што во суштина е оригиналната раса на персиска мачка, без развој на екстремни одлики.

Бидејќи многу одгледувачи на мачки во Соединетите Американски Држави, Германија, Италија и други делови од светот почнале да го толкуваат персискиот стандард за убавина поинаку, тие со текот на времето го развиле „пеке-лице“ или „ултра-тип“ со рамен нос, како резултат на две генетски мутации, без промена на името на расата од „персиски“. Некои организации, вклучително и Здружението на љубители на мачки (ЦФА), го сметаат типот на пеке-лице како нивен модерен стандард за персиската раса. Така, ретронимот традиционални персиски мачки е создаден за да се однесува на оригиналниот тип, кој сè уште се одгледува, на ист начин како преименувањето на сијамската мачка во оригинален стил како Традиционална сијамска или тајландска, за да се разликува од долгогодишниот модерен развој што го презеле како едноставно „сијамски“ мачки.

Пеке-лице и ултра-тип Во доцните 1950-ти, спонтана мутација на црвените персиски персијци го родила персискиот „пеке-лице“, именуван по кучето пекинезер со рамно лице. Таа била регистрирана како посебна раса во ЦФА, но не била распостранета до средината на 1990-тите поради сериозни здравствени проблеми; само 98 мачки биле регистрирани помеѓу 1958 и 1995 година. И покрај тоа, на одгледувачите на мачки им се допаднал изгледот и почнале да ги размножуваат персиските мачки со пеке-лице. Прекумерното акцентирање на одликите на расата со селективно одгледување (наречено екстремно или ултра типизирање ) дало резултати слични на персиските мачки со лицето на пеке. Терминот пеке-лице се користи за да се однесува на ултра-типизираната персиска мачка, но правилно се користи само за да се однесува на црвените таблести Персијци кои ја носат мутацијата. Многу љубители и судии на ЦФА сметаа дека промената на изгледот е „придонес за расата“. 

десно|мини| Персиска мачка со умерени одлики Додека изгледот на персиските мачки се менувал, стандардот на Советот за персиски раси за персискиот вид останал во основа ист. Стандардот за персиската раса е, по својата природа, донекаде отворен и фокусиран на заоблена глава, големи, широко распространети тркалезни очи со горниот дел од носот усогласени со дното на очите. За стандарни персиски мачки одликите се, заоблено тело со кратки, добро обликувани нозе, широки гради и кружен изглед, речиси сè за идеалната персиска мачка се смета за „округло“. Дури кон крајот на 1980-тите, стандардите биле променети за да се ограничи развојот на екстремниот изглед. Во 2004 година, во стандардот за раса било додадено дека муцката не треба да биде премногу изразена. Стандардите биле изменети уште еднаш во 2007 година, овој пат за да го рефлектираат рамното лице, а сега се вели дека челото, носот и брадата треба да бидат во вертикално порамнување.

Варијанти

Химелајска мачка десно|мини| Хималајскиот вид е создаден со вкрстување на персиската со сијамската мачка. Ова вкрстување , исто така, ги довело чоколадните бои во еднобојните Персијци. Во 1950 година, сијамската мачка била вкрстена со персиската мачка за да се создаде раса со тип на тело на персиска, но боја на сијамките. Името го добило Химелајска мачка, по други животни со шарени точки како што е хималајскиот зајак . Хималајската мачка се водела како посебна раса во САД до 1984 година, кога ЦФА ја споила со персиската, на приговорот на советите на расите на двете раси. Некои персиски одгледувачи не биле задоволни од воведувањето на оваа мелез мачка во нивните „чисти“ персиски линии.  ]

Егзотична кратко-влакнеста мачка десно|мини| Егзотична кратко-влакнеста мачка е слична на персисиската по темперамент и тип, но има кратко, густо влакно. Персиската била вкрстена тајно од некои американски одгледувачи на кратки влакна (АСХ) во доцните 1950-ти за да се „подобри“ нивната раса. Изгледот на мелезот добил признание, но другите одгледувачи биле незадоволни од промените и се залагале за нови стандарди за раса кои ќе ја дисквалификуваат вкрстената кратко-влакнеста мачка.

Одлегудвачите на овие мачки кои го виделе потенцијалот на вкрстувањето предложиле, и на крајот успеале, да ја натераат ЦФА да ја признае како нова раса во 1966 година, под името Егзотична кратко-влакнеста мачка . Редовното вкрстосување со персиската ја направила денешната егзотична кратко-влакнеста мачка слична со персиската во секој поглед, вклучувајќи го и темпераментот и конформацијата, со исклучок на краткото густо влакно. Оваа мачка дури и наследила голем дел од здравствените проблеми на персиската мачка. Поради полесното за четкање некои Егзотичните кратко-влакнеста мачка да ја наречат „персиска мачка за мрзеливиот човек“.

Поради редовното вкрстосување со персиската, некои егзотички кратко-влакнести мачки може да носат копија од рецесивниот ген за долго крзно. Кога две такви мачки се парат, има една од четири шанси за потомството да биде со долга коса. Овие мачки не се сметаат за персиски од ЦФА, иако Меѓународната асоцијација за мачки ги прифаќа како персијци. Други здруженија ги регистрираат како посебна раса на егзотични долго-влакнести мачки.  ]

Долго-влакнеста Чинчила и Стерлинг мачка лево|мини| Сребрена персиска мачка со т.н „кукла лице" Во САД, постоеше обид да се воспостави сребрената персискиа мачка како посебна раса наречена Стерлинг, но тоа не било прифатено. Овој вид на мачки се признати како персиски мачки од ЦФА. Во Јужна Африка, обидот да се одвои расата бил поуспешен; Советот за мачки на Јужна Африка (СМЈА) ги регистрирала мачките со пет генерации чистокрвни чинчила како долго-влакнести чинчила мачки. Овие мачки имаат малку подолг нос од персискиот, што резултира со поздраво дишење и помалку солзење на очите. Неговото крзно е проѕирно, а само врвовите носат црн пигмент, одлика што се губи кога ќе се вкрсти со други обоени Персијци. Надворешното вкрстување, исто така, може да резултира со губење на облогата на носот и усните. Една од одликите на оваа раса е сино-зелената или зелената боја на очите.Difference Between Chinchilla Rodent and Chinchilla Cat Chinchillafactssite.com

Популарност десно|мини| Популарноста на персиската мачка (сина линија) во Велика Британија опадна во последните две децении Во 2008 година, персиската мачка била најпопуларната раса на педигре мачки во САД.2008 Top Pedigreed Breeds CFA. March 2009. Во Обединетото Кралство, бројот на регистрирани персиски мачки кои се чуваат во домашни услови се намалил од раните 1990-ти, а персиската мачка го загубила своето прво место од британската кратко влакнеста мачка во 2001 година. Во 2012 година, таа била 6-та најпопуларна раса, зад британската влакнеста мачка, рагдолска мачка, сијамска мачка, Мејн Кун и бурманска. Во Франција, персиската е единствената раса чија регистрација се намалила помеѓу 2003 и 2007 година, опаѓајќи за повеќе од една четвртина.

Класификација по регистри мини|Персиска мачка како домашно милениче во куќа во Иран десно|мини| Чоколадна боја на периска мачка Стандардите за раса на различни организации на љубители на мачки може да ги третираат хималајските и егзотичните кратко- влакнести (или едноставно егзотичните) како варијанти на персиската или како посебни раси. Здружението на љубители на мачки (ЦФА) ги третира химелајските мачки како вид со бои и на персиската и на егзотичната, кои имаат посебни, но речиси идентични одлики (се разликуваат по должината на крзното). Меѓународната асоцијација за мачки (МАМ) ги третира и двете како варијанти на персиската. Светската федерација на мачки (СФМ) ги третира персиските и егзотичните кратко-влакнести како посебни раси.

Одлики Персиската мачка, која најчесто се одледува има екстремно долго и дебело крзно, кратки нозе, широка глава со ушите поставени далеку, големи очи и екстремно скратена муцка. Расата првично била основана со кратка муцка, но со текот на времето, оваа одлика станала крајно претерана, особено во Северна Америка. Персиските мачки може да ги имаат речиси сите бои.