Ксеноестрогените претставуваат нови, индустриски добиени супстанци кои покажуваат естрогени ефекти и кои имаат различна хемиска структура од архиестрогените (од природните естрогени) кои се создаваат во живите организми. Ефектите на ксеноестрогените врз човековото здравје и врз животната средина се предмет на голем број истражувања.
Ефекти врз здравјето Ксеноестрогените се смета дека влијаат врз појавувањето на поголем број на здравствени проблеми, но иако не постојат сигурни докази за тоа, последиците од несаканите ефекти до кои тие може да доведат се сметаат за сериозни.Evidence of effects of environmental chemicals on the endocrine system in children PMID 12837917 Ксеноестрогените предизвикуваат ефекти слични на природниот естроген и на таков начин може да влијаат врз нарушување на процесите на кои природните естрогени влијаат. Изведени се студии со кои е покажано нивното влијание врз репродуктивниот циклус кај луѓето и кај дивите животни.
Прусуство во организмот Присуството на ваквите супстанци претставува сериозна закана за здравјето на луѓето. Животот се заснова врз пренесување на биохемиските информации од една на дуга генерација, а присуството на ваквите супстанци може да доведе до нивна интерференција во процесот на пренесување на ваквите информации низ процес кој денес се означува како настанување на хемиска конфузијаVidaeff AC and Sever LE, In-utero exposure to environmental estrogens and male reproductive health. PMID 15808781. Во 2008 година публикувана е студија во која се набројуваат голем број на ефекти предизвикани од ксеноестрогени супстанци кај мажјаците кај повеќе видови (вклучувајќи го и човековиот вид).It's official: Men are the waker sex 7 декември 2008. The Independent.
Супстанци кои покажуваат естрогени ефекти Алкилфенол Атразин (хербицид) 4-метилбензилдиен камфор (лосион за сончање) Будалиран хидроксианисол (конзерванс за храна) бисфенол А (мономер за поликарбонатна пластика и антиоксиданс во пластиката) Дихлородифенилхлороетилен (производ на разложување на познатиот пестицид DDT) DDT (инсектицид) линдан (инсектицид) металоестрогени (класа на неоргански ксеноестрогени) ендосулфан (инсектицид) парабени (се користат во креми и во лосиони) ...
Литература
Надворешни врски "Our Stolen Future" book about endocrine disruption How to avoid xenoestrogens S. Safe on lack of evidence for any effect
Категорија:Естрогени Категорија:Ендокринологија Категорија:Ксеноестрогени Категорија:Загадување на водата