right|thumb|220px|Детал од резбана таванска греда, Нгати Ава, ц. 1840 Во културата на Маорите во Нов Зеланд, тохунга (маорски: tohunga) е стручњак по некој занает, вештина или знаење. Тука спаѓаат и стручни свештеници, исцелители, морепловци, резбари, градители, учители и советници. Поимот е истоветен со хавајскиот поим кахуна.
Тохунгите се сметале за свети лица (до различен степен).
Терминологија Постоеле многубројни класи на тохунга (Buck 1974:474), меѓу кои: Тохунга ахурева: највисоката класа на свештеници Тохунга кијато: најниската класа на свештеници Тохунга матаките: јасновидци Тохунга факаиро: стручњаци по резбарство и копаничарство Тохунга татаи ароранги: стручњаци по толкување на ѕвездите Тохунга тараи вака: стручњаци по изградба на чунови
Поврзано Маорска култура Маорска религија
Наводи T. R. Hiroa (Sir Peter Buck), The Coming of the Maori. Второ издание. Прво изд. 1949. Wellington: Whitcombe and Tombs) 1974.
Категорија:Маорска митологија Категорија:Маорски зборови Категорија:Маорска култура Категорија:Маорско општество Категорија:Маорска религија