Јутјуб (МФА: , ), одомаќинето во Македонија како ЈутубПо американски изговор е „Јутуб“, а по британски „Јутјуб“. Според записот на Меѓународната фонетска азбука, и двете облици се точни, но се претпочита Јутјуб. Во Македонија е одомаќинето Јутуб.„Pronunciation of YouTube™ noun in Oxford Advanced Learner's Dictionary”. oxfordlearnersdictionaries.com. /ˈjuːtjuːb/, /ˈjuːtuːb/ (МФА: ) — популарно мрежно место за размена на видеоматеријали каде што корисниците можат да поставуваат, гледаат, коментираат и оценуваат видеа од различен тип. За да се постави видеосодржина потребна е регистрација, додека за гледање не е (освен во случаите кога материјалот е забранет за помлади од 18 години). Спрема правилата на користење корисниците можат да поставуваат свои изработки или изработки за кои ги имаат допуштено авторските права од корисникот, а забрането е поставување на порнографски материјал, насилство, содржина кој поддржува криминал и слично. Јутјуб го задржува правото на користење, преработување и бришење на поставениот материјал.

Основање на Јутјуб

Темелите на денешниот Јутјуб се поставени од страна на Чед Хрли, Стив Чен и Џод Карим, поранешни работници во фирмата PayPal. Доменот „YouTube.com“ е активиран на 15 февруари 2005 година, а во текот на следните месеци страната сè повеќе и повеќе се развива. Во мај 2005 страната и е понудена на преглед на јавноста, а 6 месеци подоцна и официјално почнува со работа. Јутјуб е започнат со приватни средства, а инвеститорската фирма „Sequoia Capital“ во ноември 2005 уложува 3,5 милиони долари, за потоа во април 2006 да уложи дополнителни 8 милиони долари. На 9 октомври 2006 год. најавено е дека компанијата ќе ја преземе Google за 1, 65 милијарди долари. Договорот е потпишан на 13 ноември, а во него стои дека Јутјуб ги задржува своите 67 работници и продолжува да работи независно од Google.

Спрема статистичките истражувања од јуни 2006 година на Јутјуб дневно се прегледуваат по 100 милиони видеа, а во тек на 24 часа просечно се поставуваат по 65 000 нови видеа. Спрема истражувачките фирми Nielsen/NetRatings страницата ја посетуваат скоро 20 милиони корисници месечно од кои 44% жени и 56% мажи, на возраст од 12 до 17 години.

Репродукција

За да се гледа видео од Јутјуб на компјутер, потребно е на пребарувачот да биде инсталиран сет од програмски компоненти на Adobe Flash Player. Сетот од програмски компоненти на Adobe Flash Player-от е еден од најчесто употребуваните програми кој е инсталиран на компјутерите и служи за гледање на 75 % од видео материјалите на семрежјето. Во јануари 2010 година, Јутјуб активираше експериментална верзија на мрежното место која користи вградени мултимедијални одлики на пребарувачите кои го поддржуваат стандардот HTML5. Ова овозможува гледање на видео материјали без инсталиран Adobe Flash Player или било кој друг програм. Мрежното место Јутјуб има страница која овозможува пребарувачите кои го поддржуваат овој стандард да можат да го изберат HTML5 пребарувањето. Видео клиповите можат да се гледаат само на пребарувачи кои ги користат H.264 или WebM форматот и притоа не се достапни сите видео клипови на мрежното место.

Прикачување и споделување на видео материјали мини|Логото на Јутјуб од 2024 до денес Должината на видео материјалите кои имателите на кориснички сметки можат да ги прикачат на Youtube е ограничена на 15 минути. Во 2005 година, кога беше активирана страната Youtube, беше возможно да се прикачуваат видео материјали со поголема должина, но во март 2006 година е воведено ограничување на должината на видео материјалите на 10 минути, откако Youtube откри дека повеќето видео материјали кои ја надминуваат оваа должина, всушност се неовластено прикачени филмови и телевизиски емисии. Во јули 2010 година, ова ограничување на должината на материјалите беше зголемено на 15 минути. На корисничките сметки на партнерите на Youtube им е дозволено да прикачуваат материјали со поголема должина, само доколку бидат прифатени од компанијата Youtube. Големината на фајловите кои можат да се прикачуваат на страната на Youtube е ограничена на 2 гигабајти, а доколку се користи напредниот софтвер за прикачување на фајлови на Јава апликацијата, големината може да изнесува и до 20 гигабајти. Во декември 2010 година, Youtube соопшти дека на сопствениците на стандардни кориснички сметки ќе им биде дозволено да прикачуваат видео материјали со неограничена должина, доколку тие постапуваат според правилата на мрежното место и ги почитуваат авторските права. Youtube прифаќа видеата да бидат прикачени во повеќе содржински формати, вклучувајќи ги AVI, .MKV, .MOV, .MP4, DivX, .FLV и .ogg и .ogv. Тука спаѓаат и MPEG-4, MPEG, VOB и .WMV. Исто така, е поддржан и форматот 3GP, што овозможува да се прикачуваат и видео материјали од мобилни телефони. Можно е прикачување на видео материјали и со техниките progressive scanning или interlaced scanning, но за подобар квалитет на материјалите Youtube препорачува тие да се преобразуваат во друг формат пред прикачувањето. Сите формати на видео материјалите кои се наоѓаат на Youtube ја користат техниката наречена progressive scanning.

Квалитет и кодеци

Youtube првично нудеше видео материјали со само едно ниво на квалитет кои беа прикажани со резолуција од 320x240 пиксели и го користеа Соренсон Спарк кодекот (Sorenson Spark codec), со моно мп3 формат. Во јуни 2007 година Youtube овозможи опција за гледање видео материјали во 3GP формат, на мобилни телефони. Во март 2008 година е додадена опција за гледање висококвалитетни видеа, што ја зголеми резолуцијата на 480x360 пиксели. Во ноември 2008 година е додадена HD поддршка за 720 пиксели , па резолуцијата на плеерот на Youtube беше променета од 4:3 во резолуција за широк екран од 16:9. Со оваа нова одлика, Youtube почна да го користи H.264/MPEG-4 AVC како стандарден формат за компресирање на видео материјали. Во ноември 2008 година беше додадена поддршка за HD ( висок квалитет) со 1.080 пиксели. Во јули 2010 година Youtube соопшти дека пуштил во употреба видео материјали во формат 4к , што овозможува гледање на видео материјали со резолуција од 4096x3072 пиксели. Видеата на Youtube се достапни во повеќе нивоа на квалитет. Поранешните имиња на стандардите за квалитет на видеата (HD, HQ и SQ) се заменети со бројчени вредности кои ја означуваат вертикалната резолуција на видеото. Стандардно, видеото е кодирано во формат H.264/MPEG-4 AVC, и во стерео AAC аудио формат.

3Д-видеа мини|Седиштето на Јутјуб во Сан Бруно, Калифорнија Во видео објавено на 21 јули 2009, година програмскиот инженер на компанијата Youtube објавил дека корисниците сега можат да прикачуваат видеоматеријали со 3Д-слика. Посетителите можат да ги гледаат овие видеа на повеќе начини, меѓу кои спаѓа и методот anaglyph (заедничко користење на цијан/црвените леќи), со помош на кои гледачот може да ги гледа ефектите во 3 димензии.

Пристапност до содржините

Една од клучните одлики на Youtube е тоа што посетителите можат да гледаат видео содржини поставени на Youtube, а се наоѓаат на други мрежни места. Секое видео содржи дел од HTML адреса, кој овозможува истиот видео материјал да може да се постави на мрежни места надвор од Youtube. Оваа можност се користи за поставување на видеа на страници како што се социјалните мрежи и блогови. Сопственикот на видеото може да го оневозможи неговото поставување и оценување, како и коментирањето на тоа видео. Youtube обично не нуди преземање на видеата, бидејќи интенција на компанијата е видеата да се гледаат на мрежната страница на Youtube. Можно е да се преземат само мал број на видеа, како што се неделните обраќања на претседателот Барак Обама кои се во MP4 формат. Голем број програми на мрежни места, апликации и пребарувачи им овозможуваат на корисниците да ги преземат видеата од Youtube. Во 2009 година, Youtube воведе пробна услуга, со цел да им овозможи на некои од своите партнери да ја нудат опцијата преземање на видеата бесплатно или пак по одредена цена која се плаќа преку Google Checkout.

Платформи

Некои „паметни телефони“ имаат опција за пристап до видеата на Youtube, во зависност од операторот и типот на податоци. Во јуни 2007 година, стартуваше Youtube Mobile- програма за мобилни телефони, која користи RTSP проток на информации. Сепак, не сите видеа се достапни за корисниците на верзијата на Youtube за мобилни телефони. Од јуни 2007 година, видеата на Youtube може да се гледааат на различни производи на компанијата Епл (Apple). За таа цел, видеата на Youtube требаше да бидат префрлени во резолуцијата H.264 според стандардите на Епл, а тој процес траеше неколку месеци. Youtube видеата може да се гледаат на апарати како што се Apple TV, iPod Touch и iPhone. Ажурирањето на услугата TiVo во јули 2008 година овозможува на овие платформи да се гледаат и пребаруваат видеа. Youtube стартуваше со ,, Youtube for TV“ верзија на мрежното место, која е наменета за играчки конзоли и други апарати кои се поврзуваат со тв-приемник и која овозможува гледање на видеата преку конзоли како Playstation3 и Wii. Во јуни беше воведен Youtube XL, кој всушност е поедноставна верзија наменета за гледање видеа на стандарден телевизиски екран.

Локализирање и ограничување

На 19 јуни 2007 година, извршниот директор на компанијата Гугл во Париз го стартуваше новиот систем за локализација. Интерфејсот на мрежната страница е достапен во 31 земја во локални верзии, а една верзија е наменета за целиот свет Интерфејсот на Youtube сугерира која локална верзија ќе биде одбрана врз основа на IP-адресата на корисникот. Во некои случаи може да се јави пораката ,,Ова видео не е достапно за вашата држава,, поради постоење на рестрикции на авторските права или несоодветна содржина. Интерфејсот на мрежната страница на Youtube е достапен на 30 различни јазици, вклучително и каталонски, дански, фински, грчки, унгарски, норвешки и словенечки за кои не постои локализирана верзија. Плановите на Youtube да создаде локална верзија за Турција наидоа на проблеми, бидејќи властите во Турција бараа канцеларија на Youtube која ќе постапува според турскиот закон. Компанијата Youtube соопшти дека нема намера да го стори тоа, бидејќи нејзините не се предмет на турскиот закон. Турските власти изразија загриженост поради тоа што Youtube ќе се употребува за поставување видеа во кои се навредува Кемал Ататурк и други материјали кои се навредливи за муслиманите. Во март 2009 година, спорот меѓу Youtube и британската кралска агенција за авторски права доведе до блокирање на оригиналните музички спотови за корисниците во Велика Британија. Исто така, отстранети беа видеа на големите издавачки куќи, откако Youtube не успеа да постигне договор за авторските права. Спорот беше решен во септември 2009 година. Во април 2009 година, сличен таков спор доведе до блокирање на оригиналните музички спотови за корисниците во Германија.

Цензура

Неколку држави го имаат блокирано пристапот кон страната Youtube. Во нив спаѓаат : -Заклучно со декември 2010 година, Народна Република Кина го блокираше пристапот кон Youtube. -Мароко го блокираше пристапот кон Youtube во 2008 година. -Во периодот од 2006 до 2007 година, Тајланд го блокираше пристапот кон Youtube поради навредувачки видеа за кралот Bhumibol Adulyadej. -Турција го блокираше пристапот кон Youtube меѓу 2008 и 2010 година, по спорот за видеата за кои се смета дека ја навредуваат личноста на Мустафа Кемал Ататурк. Забраната беше отстранета за кратко, но одново беше воспоставена во ноември 2010 година. -На 3 декември 2006 година, Иран привремено го блокираше пристапот кон Youtube и уште неколку други мрежни места, обвинувајки ги за кршење на општествените и морални закони на однесување. Youtube беше блокиран откако на него беше прикачено видео за ѕвезда од една иранска серија со експлицитна содржина. Забраната беше укината и повторно воспоставена по претседателските избори во 2009 година.