дясно|мини|Нјорд, претставен во исландски манускрипт од 17 в.

Нјорд (норд. Njörðr) во скандинавската митологија е бог на морето, морските ветрови и рибарството. По потекло е од божествата Вани И како таков се јавува и како бог на плодотворноста., бидејќи по нивната војна со Асите, преминува кај последните како заложник со синот Фрејр и ќерка си Фреја и во една подоцнежна етапа текстовите веќе го набројуваат кон божествата Аси. Со него се идентификува германската божица Нертус, чие име е точен еквивалент на Нјорд. Можно е таа да е негова сестра и истовремено сопруга, бидејќи во „Сага за Иглингите“ Сага за Иглингите (на руски) се зборува, дека додека бил при ваните, Нјорд живее заедно со сестра си.

По преминувањето кај Асите, Нјорд се жени за великанката Скади и живее со неа девет деноноќија во Ноатун („Корабоградилиштето“, неговата палата во Асгард) и девет деноноќија во Трјумхајм („Бучно место“) во планините, затоа што сопругата не го сакала морето, а планините. Според „Говорите на Вафтруднир“ (Стара Еда), Нјорд ќе се врати кај ваните на крајот од светот Говорите на Вафтруднир (на руски).

Според „Сага за Иглингите“ по смртта на Один, Нјорд станува управник на Шведска и Швеѓаните го нарекуваат свој владетел.

Извори

Литература Митове и легенди на скандинавските народи. Подбор и преразказ Христо Грънчаров. Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1992. Скандинавска митология. Изд. Литера Прима, София, 1995.

Категорија:Скандинавска митологија