Сасарскиот (локално име Sassaresu или Turritanu) е јужноромански јазик и дијасистем на сардинскиот јазик и корзиканскиот јазик. Често се смета за сардино-корзикански јазик поради историските блиски врски со двата региона. Јазикот, покрај силното влијание на сардинскиот јазик, сè уште го има зачувано тосканскиот корен. Во лингвистичкиот научен свет, овој јазик се окарактеризирал како транзиционален јазик помеѓу итало-западните јазици и сардински јазик.

Јазикот го зборуваат околу 120.000 луѓе во Сардинија.

Наводи

Категорија:Сардински јазик Категорија:Јужноромански јазици Категорија:Јазици во Италија