Света Недела — православна црква во градот Битола, Македонија.

Била основана и издигната на 13 октомври 1863 година за време на неговото преосвештенство г. Бенедикт Византиски, од кого црквата била осветена.В църкви от битолската епархия изтриват надписи за българите. Actualno.com, 27 февруари 2009 г.

Историја Црквата „Св. Недела“ во Битола настанала како резултат на реалните потреби на словенското население во градот во втората половина на XIX век. Откако единствената црква „Св. Димитрија“ станала претесна, а богослужбата во неа се изведувала исклучиво на грчки јазик, дел од новодојденците, главно од приградското Јени Маале, заедно со жителите на Горно и Долно Оризари, поведе иницијатива за подигање на нова богомола. Поради чувствителноста на меѓурелигиските односи и познатата жестокост на фанатизираните муслимански групи, иницијаторите морале да постапуваат внимателно и трпеливо. Затоа локацијата била избрана не во самиот град, туку надвор од него, на излезот кон Прилеп и поблиску до заинтересираните села. Посебно важно барање на иницијаторите бил воведувањето на словенскиот јазик во богослужбата.

Условите биле поволни. Постоела наводна согласност и личен ангажман на пелагонискиот владика Венедикт, а се располагало и со 3.000 гроша собрани уште од 1860 година и чувани кај него. Парите биле наменети и за евентуален поткуп и за самата градба. Клучно било што не се работело за сосема нова црква, туку за возобновување на поранешна, разрушена и одамна неупотребувана црква на истото место. Пред почетокот на работите, видни граѓани од словенската средина повторно го посетиле владиката и го замолиле да не прави проблеми околу словенскиот јазик. Тој повторно го ветил тоа, што подоцна било потврдено и со плочата поставена на јужната влезна порта при осветувањето.thumb|Натпис над влезот од црквата Св. Недела во Битола.|левоНатписот над влезната врата од црквата гласи: Во превод: И покрај очекувањата, градбата била одложена две години, делумно поради колебањето на владиката околу јазичното прашање. Сепак, во втората половина на октомври 1863 година црквата била речиси готова. Патеписецот Јохан Хан, кој поминал во тоа време, запишал дека на излезот од градот поминал покрај „нова, мошне пространа црква, која токму тогаш ја градеа“. За градбата бил искористен и расфрлениот материјал од блиските напуштени селски гробишта, што значително ги намалило трошоците. Паралелно била подигната и камбанарија, која современиците ја споредувале со малечка пожарникарска кула. Црквата надворешно била „чудно насликана“, а во дворот имало бунар со здрава и изобилна вода, која повремено ја користеле и војниците од блискиот османлиски стационар.

Првично црквата била именувана „Киријаки“ (грчки назив за Недела), а подоцна го добила името „Света Недела“. Осветена била на 13 октомври 1863 година од владиката Венедикт. Следната година, со материјална поддршка најмногу на еснафот на ќурчиите, било извршено зографирање на куполата и проскомидијата; останатиот дел од внатрешноста бил планиран за подоцна.

Така Битола ја добила втората црква во која богослужбата почнала да се изведува на словенски. Тоа го забележале и современиците, меѓу кои и Кузман Шапкарев. Наскоро почнале да се подаруваат и црковни книги на словенски јазик (еден таков дар е забележан во 1870 година). Иако јазикот првично бил толериран, набргу се појавиле сериозни проблеми. Договорот бил оспоруван, а службата што ја водел отец Константин била попречувана. Тој бил обвинуван дури и за руски шпион и завршил во затвор. Единствен попуст бил направен на Велигден 1864 година, кога била дозволена служба на словенски, но под понижувачки услови: делови од Евангелието да се читаат преведени од грчки, напишани со грчка азбука на парче хартија – „не за друго, туку да се ругајат на јазикот ни“.мини|лево|Панаѓур пред црквата „Св. Недела“ во Битола снимен од браќата Манаки, помеѓу 1905-1912До 1865 година грчкиот јазик целосно завладеал, верниците се осипувале, а се случувале и бојкоти и физички пресметки. Ситуацијата траела до формирањето на Бугарската црковно-училишна општина (околу 1868–1878 година), која почнала поорганизирано да ги води црковните и училишните работи. Важна улога во овој период одиграл и Димко Радев (Димко Паша, Димко Сараф), еден од првите чорбаџии во градот. Во 1869 година, со негова заслуга, за првпат бил организиран водокрст во присуство на многуброен народ.

Црквата и нејзиното широко дворно предворје набргу станале популарно место за празнични и пазарски собиралишта. На Денот на црквата (7 јули) свештеник читал имиња на донаторите на народен јазик, а по службата следувале свирки и ора, во кои учествувале луѓе облечени и во традиционална и во европска носија. Бидејќи пазарниот ден во Битола бил недела, дворот станал и своевидно пазариште. Тука, поради забраната за продажба на свинско месо во самиот град, христијаните долго време можеле да го набавуваат. Во 1908 година во непосредна близина Турците ја организирале и првата сточарска станица за едукација во земјоделството и сточарството.

Гробишта мини|Гробот на Александар Турунџев

Во дворот на црквата Св. Недела се наоѓаат илинденските гробишта, каде се погребани и војводите Доне Крчаров (од с. Зовиќ), Димко Николов и Александар Турунџев.Александър М. Лепавцов. Има ли стара и нова македонска цивилизация, Идеологически интерпретации за пренебрегване на фактите. в. Литературен форум, брой 5 (446), 06.02. – 12.02.2001 г.

На гробиштата се погребани многу значајни личности како Павел Шатев (револуционер), Димко Сарванов-Могилче (револуционер), Кирил Лозанчев (револуционер) и Михаил Димев. Во периодот од Првата светска војна во Битола се погребани 40 бугарски војници, од кои 7 во дворот на црквата Св. Недела, а останатите на гробиштата во Хераклеја.Даваме Битоля без бой на съглашенците. в. Стандарт, 4 ноември 2007.

Наводи

Библиографија

Недела Б