220px|right|thumb|Рекламен постер за Преспа од 1958 година Туризмот во Македонија е една од стопанските дејности во економијата на државата.

Историја Почетоците на туризмот во Македонија датираат во почетокот на XX век. Така, врз основа на документите во Историскиот архив во Битола, публицистот Александар Стерјовски открил документи и написи во стари весници кои потврдуваат дека на 21 мај 1914 година било организирано патување на 120 битолчани до Валево и до Белград. Патниците биле испратени на железничката станица од голем број граѓани на Битола. Притоа, дел од учесниците во патувањето отишле да ги посетат своите синови кои биле регрутирани од српската војска, додека за дел од учесниците, патувањето било од туристичка природа. Бидејќи во тоа време немало железничка врска од Битола до Скопје, патниците најпрвин заминале за Солун, а оттаму заминале во Белград, каде останале три дена, по што отпатувале за Валево. Таму ги пречекал градоначалникот, а адвокатот Цаса Јанко зборувал од името на битолчаните. Во Валево, патниците се сместиле во приватни куќи и во градот останале два дена. Патувањето го организирал првиот градоначалник на Битола со христијанска вероисповед, Петар Лешњаревиќ, кој потекнувал од Горица, Албанија. Тој по убедување бил србофил и целта му било, преку патувањето, на битолчани да им ја претстави Србија."Првата група битолски туристи во 1914 година патувале до Валево преку Солун", Дневник, година XVIII, број 5379, петок, 31 јануари 2014, стр. 18.

Инаку, во Битола имало туристичко здружение "Јужни езера" уште во 1927 година, чиј прв претседател бил познатиот рендгенолог Михајло Попов. Во 1936 година, со пуштањето на железничката линија Битола-Скопје, дошло до поинтензивен развој на туризмот во Битола, така што се организирале ученички екскурзии, а градот го посетувале и голем број Французи, кои учествувале во борбите на Кајмакчалан за време на Првата светска војна. Во 1939 година бил направен план за изградба на куќа на Големото Езеро на планината Баба. Развојот на планинскиот туризам на Пелистер го финансирал Василија Ставревиќ, кој бил планинарски водич и вљубеник во природата. Странските туристи се интересирале и за Хераклеја, каде што ископувањата започнале во 1934 година."Пелистер и Хераклеја пред 70 години привлекувале туристи", Дневник, година XVIII, број 5379, петок, 31 јануари 2014, стр. 18.

Статистики

Туризмот во Македонија бележи сè поголем развој. Бројот на домашните посетители во периодот од јануари до март 2008 година во однос на истиот период од 2007 година се зголемил за 23,5%. Бројот на странските туристи во март 2008 година спрема март 2007 година, исто се зголемил за 44,7%. Во 2007 година, Охрид бил посетен од страна на 250.000 туристиSoutheast European Times.

Во февруари 2009 година, бројот на туристите се зголемил за скоро 28.000 туристи или 3,2% повеќе во однос на февруари 2008 година. Бројот на поминати ноќи во периодот од јануари до јуни 2009 година во однос на истиот период во 2008 година се зголемил за 0,3%, а бројот на домашните туристи пак се намалил за 4,9% а бројот на странските туристи се зголемил за 6,1%.

Реден број Држава 2017 2016 20151 129,708 105,738 90,8572 53,121 50,145 43,6133 45,958 36,982 29,3144 44,931 40,504 38,829 5 26,889 23,960 32,2176 23,544 17,067 17,9397 22,281 12,268 17,0548 21,194 20,862 18,4939 17,494 17,070 13,95010 15,860 13,918 17,054Вкупно странски туристи 630,594 510,484 485,530

Бројот на туристите во 2009 година изнесувал 587.770, од кои околу 56% (328.566) се домашни туристи, а 44% (259.204) се странски туристи. Во споредба со претходната година се забележува зголемување на странските туристи за 2.0% во вкупниот број на туристи. Бројот на ноќевањата во 2009 година изнесува 2.101.606 од кои околу 72% отпаѓаат на домашните туристи, а околу 28% на странските туристи. Во споредба со претходната година, бројот на ноќевањата на странските туристи во вкупниот број на ноќевања е зголемен за 1.5%.

Според Државниот завод за статистика, во 2015 година Македонија ја посетиле 816.067 туристи (од нив, 485.530 странски и 330.537 домашни), а во 2016 година 856.843 туристи, од кои 510.484 биле странски, а 346.359 домашни. Притоа, во 2015 година биле остварени 2.394.205 ноќевања (1.357.822 од домашни гости и 1.036.383 до странски гости), а во 2016 година 2.461.160 ноќевања (1.407.143 од домашни гости и 1.054.017 од странски гости). Во однос на структурата на странските гости, во 2015 година имало 90.857 туристи од Турција, 43.613 од Србија, 38.829 од Грција, 32.217 од Холандија, 29.314 од Бугарија, 18.493 од Албанија, 17.939 од Германија, 17.054 од Полска, 15.135 од Хрватска и 13.950 од Косово. Според Светскиот совет за патување и туризам, Македонија се наоѓала на 151. место во светот, мерено според значењето на туризмот во БДП. Притоа, во 2016 година, директното учество на туризмот во македонскиот БДП зинесувало 10,4 милијарди денари, т.е. 1,8% од БДП, додека вкупното (директно и индиректно) учество на туризмот во БДП изнесувало 38,5 милијарди денари, или 6,7% од БДП. Исто така, туризмот директно придонел за 12.000 работни места (1,6% од вкупната вработеност), додека заедно со индиректните работни места, учеството изнесувало 6,1%, т.е. 44.000 вработени. Извозот остварен од туризмот бил проценет на 282,8 милиони денари, или 5,4% од вкупниот извоз, а во туризмот биле инвестирани 4,5 милијарди денари (2,4% од вкупните инвестиции).Мирче Јовановски, „Политичката криза не е добра реклама за туризмот“, Економија и бизнис, година 19, број 226, април 2017, стр. 44-47.

Туристички атракции

Градови

Скопје

thumb|270px|right|Камениот мост и плоштадот ноќе Скопје, како главен град на Република Македонија е една од најпосетуваните локации во државата. Најголеми знаменитости на градот се: Камениот мост, на реката Вардар кој е симбол на Скопје. Бил изграден во 15 век и бидејќи е во централниот дел на градот, тој претставува врска помеѓу новиот и стариот дел. Тврдината Кале. Првите ѕидини биле изградени на истото место, во почетокот на 6 век. Калето доминира над левиот брег на реката Вардар со поглед на стариот дел на Скопје. Православната црква Св. Спас, во стариот дел од градот била изградена во 19 век. Иконостасот содржи прекрасни дрвени резби, изрезбани од мијачките резбари Петре и Марко Филиповски и Макарие Фрчковски. Во дворот на црквата се наоѓа гробот на најголемиот македонски револуционер на 20 век - Гоце Делчев. Старата турска чаршија, каде има стари занаети, Безистенот, Чивте-амам и други објекти. Мустафа-пашината џамија, изградена во 1492 година е еден од најубавите градби од Отоманскиот период на Скопје. Јахја-пашина џамија во близината на центарот на Скопје. Даут-пашината бања изградена во 15 век како јавна бања. Се наоѓа на влезот на старата скопска чаршија и од 1948 година е адаптирана во уметничка галерија. Феудалната кула крај Домот на АРМ. Саат-кула во непосредна близина на Султан-муратовата џамија. Соборниот храм Св. Климент Охридски. Таа се наоѓа во центарот на градот на десната страна на реката Вардар. Соборниот храм беше осветен во 1990 година. Старата железничка станица, завршена во 1940/41 година. Своевремено една од најубавите железнички станици на Балканот. Часовникот на предната страна е застанат на 5:17 минути изутрина, моментот кога Скопје го погоди катастрофален земјотрес. Сега во зградата се наоѓа Музејот на Град Скопје. Музејот на современа уметност, се наоѓа на тврдината Кале. Милениумскиот крст, се наоѓа на врвот на планината Водно непосредно над градот. Крстот е направен од челик со висина од 67 м и распон на краците од 46 m. Подигнат е по повод 2000-годишнината од раѓањето на христијанството. Местото на родната куќа на познатот светски хуманитарец, Мајка Тереза близу поштадот „Македонија“. Во близина на градот Скопје, покрај патот Скопје-Качани се наоѓа стар Аквадукт изграден од камен и тули со 55 лакови што се потпираат на масивни столбови.Тој служел за донесување вода до античкиот град скупи кој се наоѓа во непосредна близина до Скопје. Улицата Македонија која е со прекрасна архитектура и каде што се наоѓа феудралната кула која Што денес е музеј. Градскиот ѕид кој е изграден после земјотресот во 1963 и кој е проектиран од познатиот Јапонски архитект Кензо Танге.Тој го обиколува центарот на градот од десната страна на реката Вардар.Кензо Танге исто така проектирал уште многу други градби кои не се реализирале. Куршумли ан датира од 16 век и се наоѓа во старата чаршија . Тоа е еден од најубавите места во Скопје.Курсумли ан во минатото се користел како бања каде сто се бањале голем дел од населението.

Охрид

thumb|270px|right|Самуиловата тврдина Градот Охрид е вклучен во списокот на светско и културно нбаследство на УНЕСКО. На неговата југозападна страна се наоѓа Охридското Езеро. Градот е можеби најголемото туристичко одредиште во државата.

Најголеми знаменитости на градот се:

Самуилова тврдина Црквата Свети Јован Канео Плаошник Црквата Свети Наум Античкиот театар Куќата на фамилијата Робевци

Битола

thumb|150px|right|Саат кулата Битола е град во југозападниот дел на Македонија и е втор по големина град во Република Македонија според бројот на жители, додека по површина е трет. Најголеми знаменитости на градот се:

Широк Сокак Хераклеја Линкестис Саат кулата Исак џамија

Национални паркови

Маврово

Националниот парк Маврово зазема простор од 73.088 хектари и најголем е меѓу трите национални паркови во Македонија. Прогласен е во 1948 година. Во границите на паркот се опфатени планините: Кораб, Дешат, југозападните ограноци на Шар Планина, поголем дел од Бистра и северните делови на Крчин. Средишниот дел на националниот парк го зафаќа долината и сливот на реката Радика. Во склопот на националниот парк е и Мавровското вештачко езеро. Во границите на паркот се среќаваат голем број на интересни морфолошки форми: речни долини, клисури, водопади, карстни полиња, ували, вртачи, пештери, циркови, леднички езера, разни видови на денудациони облици и сл. Од растителноста на паркот најголема застапеност има заедницата од горска букова шума. thumb|270px|right|Маврово

Баба

Баба е планина што се наоѓа во југозападниот дел на Република Македонија, сместена неколку километри западно од Битола. Често се нарекува и Пелистер, иако тоа е само името на нејзиниот највисок врв. Според површината која ја зафаќа (436 км2) таа тринаесетта, а според височината (Пелистер, 2.601 м) трета планина во Република Македонија.

Во 1948 година, поради особените природни убавини, историското и научното значење на шумите и шумските предели на планината Баба, еден нејзин дел со површина од 12 500 хектари, е прогласен за национален парк. Пелистер со своите 2601 метар надморска височина, претставува трет највисок планински врв во Република Македонија.

Галичица

Заради особените природни убавини и карактеристичниот растителен и животински свет на шумите и шумските предели на планината Галичица, еден поголем дел од неа, на површина од 22.750 хектари, во 1958 година е прогласен за национален парк. Националниот парк Галичица којшто се наоѓа во крајниот југозападен дел од Република Македонија, се одлика по положбата што ја зазема меѓу двете езера - Охридското и Преспанското, потоа, по разгранетата орографија и интересните геоморфолошки облици (длабоки долови, разни видови на карстни форми и леднички земјишни облици). Најниска точка е нивото на Охридското Езеро 695 м.н.в. и нивото на Преспанското Езеро 850 м.н.в., а највисока врвот Магаро 2255 м.н.в. Планината Галичица има развиен релјеф со длабоки долови и стрмни падини кон двете езера. Поради релјефните одлики, единствениот масив на Галичица поделен е на четири засебни делови.