Томи Стефановски (роден на 14 февруари 1971), Скопје — македонски пливач во далечинско (маратонско) пливање.

Светски првак во маратонско пливање за 2016 година.

Прв и единствен македонски спортист примен во Куќата на славните.

Животопис Томи Стефановски е роден во Скопје, на 14 февруари 1971 година.Tomi Stefanovski (Macedonia)

Спортска кариера На 14 август 2009 година, Стефановски го препливал каналот Ла Манш, постигнувајќи време од 7 часа, 42 минути и 32 секунди, што претставува 11 време во историјата на препливувањето на Ла Манш.Томи Стефановски го преплива Ламанш На тој начин, тој станал третиот Македонец кој го препливал овој канал, по Нико Нестор во 1959 година и Атина Бојаџи во 1969 година.

Неколку сезони по ред, Стефановски се наоѓал во врвот на светското маратонско пливање, каде во гран-при серијата двапати бил четврти на конечната ранг листа во 2011 и во 2013 година2013 Men's Overall Ranking). Во сезоната 2014, на две трки до крајот, тој бил на првото место во гран-при серијата на најдолги светски маратони на ФИНА, со освоени 46 бодови,2014 Men's Overall Ranking но на крајот завршил на второто место во конечниот пласман.„Стефановски: Со победа во Охрид светскиот врв е мој“, Дневник, година XVIII, број 5536, петок, 8 август 2014, стр. 22-23. Како признание на одличните резултати во сезоната, Стефановски се нашол на списокот на 11 пливачи кои Светската асоцијација за пливање на отворени води ги номинирала за изборот на најуспешниот пливач на отворени води за 2014 година. Притоа, во номинацијата било нагласено дека и покрај возраста и шесте операции на рамењата, Стефановски покажал вистински спортски дух.„Стефановски номиниран во изборот за најдобар светски маратонец“, Дневник, година XVIII, број 5607, понеделник, 3 ноември 2014, стр. 22. Стефановски ја завршил својата кариера во голем стил, како победник на 30. Охридски маратон (2016 година),Крај на една кариера во голем стил: Томи Стефановски е победник на Охридскиот маратон а со освојувањето на шестото место во Капри, тој имал ист број бодови со Стокино, со што ја поделил светската шампионска титула за 2016 година.Поп Ацев победник во Капри, Стефановски ја дели шампионската титула

Награди и признанија Томи Стефановски добил заслужено место во Куќата на славните во овој спорт, и тоа како прв пливач од Македонија. Свечената церемонија на приемот на новите членови се одржала на 4 ноември 2016 година во Сан Педро, Калифорнија, (САД) Исто така, како признание на остварените успеси, во 2016 година Стефановски ја добил наградата „13 Ноември“, која ја доделува Сојузот на спортови на град Скопје.

Поврзано Нико Нестор Атина Бојаџи

Наводи

Категорија:Македонски пливачи Категорија:Живи луѓе