мини|десно|250п|Родната куќа на Видоески во Звечан. Божидар Видоески — (, - , ) – македонски јазичар, македонист, славист, основоположник на современата македонска дијалектологија и ономастика, дописен член на МАНУ (1969) и редовен (1974), странски член на ХАЗУ (тогашна ЈАЗУ) (1986), на Полската академија на науките и уметностите (ПАНУ) (1994), на САНУ (1997) и почесен доктор на Шлeскиот универзитет (Śląski Uniwersytet) во Катовице (Полска). За својата научна работа и за заслугите околу организацијата на науката во Македонија добитник е на високи награди и признанија.

Животопис Роден е на 8 ноември 1920 година во село Звечан, Порече. Тој е познат јазичар, македонист и е сметам за татко на македонската дијалектологија. Завршил филологија и докторирал на скопскиот универзитет. Бил долгогодишен професор и шеф на катедрата на Филолошкиот факултет во Скопје. Починал на 16 мај 1998 година, од срцев удар.

Творештво Прилог кон библиографијата на македонскиот јазик, ИМЈ, Скопје 1953; Кумановскиот говор, ИМЈ, Скопје 1962; Дијалектите на македонскиот јазик I–III, МАНУ, 1998–1999; Фонолошките бази на говорите на македонскиот јазик, МАНУ 2000; Географската терминологија во дијалектите на македонскиот јазик, МАНУ 1999; (избор на трудови во превод на полски јазик:) „Slavia Meridionalis“, 2, Macedonica, Tom poswiecony Bozydarowi Vidoeskiemu, Insttut Slawistyki PAN, Warszawa, 1999; Прашалник за собирање материјал за македонскиот дијалектен атлас, ИМЈ 2000; Dialects of Macedonian, Slavica, Bloomington, Inidiana, 2005; (со З.Тополињска:) Од историјата на словенскиот вокализам, МАНУ, 2006.

Надворешни врски Библиографија на трудовите на Видоески Аудио материјали од македонските дијалекти од колекцијата на Божидар Видоески - Фонотека на Центарот за ареална лингвистика при МАНУ

Наводи

Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски македонисти Категорија:Македонски слависти Категорија:Македонски академици Категорија:Југословенски писатели Категорија:Југословенски македонисти Категорија:Југословенски слависти Категорија:Југословенски академици Категорија:Академици на МАНУ Категорија:Академици на ХАЗУ Категорија:Академици на САНУ Категорија:Академици на ПАУ Категорија:Професори на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје Категорија:Југословенски универзитетски професори