Петре Бакевски (, - , ) — македонски поет, раскажувач, публицист и театарски критичар.

Животопис Петре Бакевски е роден во Кавадарци на година. Работел како новинар, театарски критичар и уредник. Бил уредник на Културната рубрика на весникот „Вечер“. Бил директор и главен уредник на Книгоиздателството Детска радост при НИП Нова Македонија. Бил претседател на Советот на СВП. Член на ДПМ од 1974 година.Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 35. Негова ќерка била новинарката Неда Бакевска Виллалба. По долго боледување починал во Скопје на 25 август 2011 на 64-годишна возраст. Книжевно творештво Има напишано 64 книги – објавени помеѓу 1972 и, формално, 2011 односно 2021 – жанровски го „покриваат“ речиси целиот книжевен спектар. Најбројните се, очекувано, „конвенционалните“ поетските збирки – ги има 27;  потоа епските поетски форми, поеми  (7) и ораторијски либрета (3). „Останатите“ 27 авторски наслови се драмски – 2 книги драми, вкупно 9 драмски текстови – и прозни: 9 романи, 9 збирки новели/раскази, 5 книги есеистички дневнички записи, 2 книги театарски критики пишувани и објавувани (во весникот „Вечер“) во текот на 15 полни години, помеѓу 1973 и 1988). Автор е на книгите: Пат до летото (поезија, 1972) Земјољубец (поезија, 1975) Крикот на паунот (поезија, 1982) Премиери (театарски критики, 1983) Раскината карта (поезија, 1984) Лицето на времето (поезија, 1985) Лица и маски (театарски критики, 1988 Замаглен поглед од несоници (поезија, 1990 Сенката на сонот (поезија, 1990) Те а Ма са (поезија, 1991) Живи ѕвезди (поезија, 1992) Низ златниот прстен на сонцето (поезија, 1994) Во сенката на мечот (поезија, 1994) Покосница (поезија, 1995) Сто сонети (1997) Вавилон (либрето за симфониска поема, 1997) Елегии (1998) Балади (1999) Гламни (новели, 2000) Црвен ветар (2001) Тешки облаци (2002) Зајазлен камен (2002) Скрб (записи, 2003) Мојата Итака (поезија, 2003) Еден гавран (раскази, 2002) Два гаврана (раскази 2002) Јато (повести, 2003) Црно јагне, див Балкан (роман, 2004). Автор е на неколку драми. Ги има објавено следниве драми: „ Мирисот на пластичната ружа“ „Кралот Пердика“ „Леандар и Косара“ „Кралот е повторно жив“ „Еврипид се враќа во Атина“ „Дом за птици“ „Белите коњи“ Танц на ноќните пеперутки во „Ориент-Експресот“ (драма) (2004) ДрамиДрами,Кн.1,Кн.2 Петре Бакевски, Скопје:Тера Магика, 2007 Последната книга на која што работел пред својата смрт во 2011 година е Нова Атлантида (поема).Исто така, приредувач е на бројни антологии и хрестоматии.

Награди Добитник е на наградите: „13 Ноември“, „Браќа Миладиновци“, „Кочо Рацин“, „Григор Прличев“.

Наводи

Надворешни врски

Замина гласот на поемата, Петре Бакевски - Утрински Весник (петок, 26 август 2011)

Категорија:Македонски писатели Категорија:Луѓе од Кавадарци Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Македонски раскажувачи Категорија:Македонски публицисти Категорија:Македонски театарски критичари Категорија:Македонски новинари Категорија:Добитници на наградата „Браќа Миладиновци“