Илија Велев (Добрејци, Струмичко, роден на година) — македонски поет, раскажувач, професор.http://www.org.mk/struga-heritage/avtor.asp-lang=mac&id=859.htm

Животопис Илија Велев е роден во струмичкото село Добрејци, на 7 март 1959 година. Тој завршил Филолошки факултет во Скопје. Тој станал доктор по филолошки науки. Работел во Институтот за македонска книжевност во Скопје како редовен професор по предметите Византиска култура, Кирилометодиевистика и културно наследство, но и како научен советник во Одделението за средновековна македонска книжевност.Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 51. Во 2006 година беше добитник на наградата Гоце Делчев за книгата „Византиско-македонски книжевни врски„ (Скопје 2005). Член на ДПМ од 1990 година. Беше еден од иницијаторите и државен програмски координатор на 2008 - Година на македонскиот јазик, проект на Владата на Република Македонија. Член во два мандата на Сенатот на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје и член на управата. Актуелен член на Интеруниверзитетската конференција на Република Македонија. Престојувал на студиски престои во повеќе универзитетски и научни центри, каде што држел и стручни предавања.

Објавени книги Далечина (поезија, 1980) Одлагање на говорот (поезија, 1988) Преглед на средновековни цркви и манастири во Македонија (монографија, 1990) Бисеро моме, Бисеро (избор од македонска љубовна поезија од преродбата до 1945 година, 1900) Македонска средновековна книжевност, соавторство (монографија, 1991) Македонскиот книжевен 14. век (монографија, 1996) Култот на Св. Гаврил Лесновски во книжевната традиција (монографија, 1996) Лесновскиот книжевен центар (монографија, 1997) Скрипторски центри во средновековна Македонија, соавторство (монографија, 1997) Кирило-Методиевската традиција и континуитет (студии, 1997) Мораме да крвариме (раскази, 1999) Кога морето се изговори без брегот (критики, 2000) Средновековни книжевни антологии (монографија, 2000), Проникнување на традицијата и континуитетот (студии), 2001) Записи и натписи од Лесновскиот книжевен центар (монографија, 2001) Творци на македонската книжевност IX-XVIII век (соавторство, монографија, 2004) Лесновски ковачевиќев пролог (монографија, 2004) Византиско-македонски книжевни врски (монографија, 2005) Низ преминот на традицијата (студии, 2006) Искушение пред бескрајот (поезија, 2008) Македонскиот јазик во глобалниот свет (соавторство, студии, 2008) Македонски споменици со глаголско и со кирилско писмо (соавторство, монографија, 2008) Македонска книжевност IX-XVIII век (монографија, 2008) Во почетокот беше словото (студии, 2009). Beseda protiv bogomilite na Prezviter Kozma, izd. Makedonska rec, Skopje, 2011.

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Добрејци Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски книжевни критичари Категорија:Македонски филолози Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски поети Категорија:Југословенски филолози Категорија:Југословенски Македонци