Петко Дабески — ( во ) — македонски поет.
Животопис По образование, тој е дипломиран електроинжинер. Дипломирал на Белградскиот Универзитет во 1963 година, и околу три декади работел на тоа поле. Објавувал од млади години – уште од 1955 година.
Библиографија Дабески е автор на дваесетина поетски збирки, една книга со поетски огледи и две антологии. Поважни негови дела се:Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 64. Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 356. Трет потег (Современост, 1982), Слободен удар (Студентски збор, 1983), Четврта координата (Македонска книга, 1987), (награда „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата) Параболи (Култура, 1989), Невестински ковчег (Наша книга, 1991), Надвор од опитот (Култура, 1996), Нешта над зборовите (Мисла, 1997), Чувари на Калето (Феникс, 1998), Не е се хаику (Студентски збор, 1999), Покривка на зборовите (Македонска книга, 1999), Наивности (2001) Равенки на стварноста (2011).
Три негови кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 73-76.
Наводи
Категорија:Македонски писатели Категорија:Југословенски писатели Категорија:Луѓе од Волковија (Тетовско) Категорија:Добитници на наградата „Браќа Миладиновци“ Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет