Илхами Емин (, - ) — македонски поет и преведувач од турска етничка припадност..

Животопис Емин е роден во Радовиш. Завршил Педагошка академија во Скопје. Работел во Републичкиот комитет за култура. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ од 1956 година.

Како преведувач од турски на македонски јазик Емин ја афирмира источната поезија и филозофија. Тој ги има преведено на македонски јазик песните на тројцата најзначајни класични турски поети–суфии: Ахмед Јесени, Јунус Емре и Џелалудин Руми–Мевљана.Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 89.

Библиографија Автор е на стихозбирките: Трагање (1954) Животот пее и плаче (1955) Деноноќија (1957) Сарај без мачка (1964) Четириесет пријатели (1965) Отаде каменот (1965) Солнечни песни (1972) Трендафил - цвет (1972) Трендафил - дом (1974) Азбуката низ песни (1974) Јурукче (1984) Розариум (1985) Ѓулдесте (1991), Ѓулдин (1993) Излезе „Ѓулкарпа“ од Илхами Емин на турски и на македонски

Наводи

Надворешни врски

Македонски поет со турски ген - артикал на Deutsche Welle

Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски Турци Категорија:Луѓе од Радовиш Категорија:Добитници на наградата „Книжевен жезол“ Категорија:Добитници на наградата „Рациново признание“