Бистрица Миркуловска (- 17 септември 2024) — македонска поетеса, македонистка, раскажувачка, детска писателка и преведувачка.Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 160 - 161.
Животопис Миркуловска е родена во Скопје. Завршила Филозофски факултет на Скопскиот универзитет и последипломски студии од областа на македонистиката. Работела како професор на Филолошкиот факултет во Скопје. Била лекторка по Македонски јазик и книжевност на Масариковиот универзитет во Брно, Чешка. Таа станала член на Друштвото на писателите на Македонија во 1971 година. Писателка е на книгите: „Цвеќенца“ (поезија за деца, 1960), „Градинче“ (раскази за деца, 1962), „Првачиња“ (поезија за деца, 1972), „Празнични виделини“ (поезија за деца, 1979), „Виножито“ (раскази, 1979), „Сите деца мили“ (поезија, за деца, 1982), „Ѕвездена“ (бајки, 1986), „Виделина“ (бајка, 1989), „Клучарчиња“ (роман за деца и млади, 1992), „Прекршен лет“ (поезија, 1996), „Kdyz kvetly kastany“ (Кога цутеа костени, поезија, Брно, 1997). Добитник е на „Потокарова повелба“ на поранешниот Сојуз на книжевните преведувачи на Југославија за преводи од словенечки на македонски јазик.Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 160.
Наводи
Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски писатели за деца Категорија:Македонски романописци Категорија:Македонски македонисти Категорија:Македонски раскажувачи Категорија:Македонски поетеси Категорија:Македонски преведувачи Категорија:Југословенски писатели Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Членови на ДПМ