Слободан Мицковиќ (, - , ) — македонски есеист, критичар, романописец и преведувач.„Значајни личности за Битола - писатели“, НУУБ „Св. Климент Охридски“, Битола, 2008, стр. 60-62

Животопис Мицковиќ е роден во Битола на 18 јуни 1935 година. Завршил Филолошки факултет во Скопје. Работел како уредник за уметничка литература во издавачката куќа „Мисла“, како и во Македонскиот народен театар. Бил уредник на списанието „Разгледи“. Доктор по филолошки науки. Бил професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и раководител на Институтот за македонска книжевност. Бил претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата. Член на ДПМ од 1965 година.Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 163 - 164.

Творештво Сè до појавата на неговиот прв роман, Слободан Мицковиќ бил познат како критичар и есеист, плодно работејќи на полето на науката за книжевноста и книжевната критика. Од 1992 година, кога го објавил романот „Александар и смртта“, го свртел вниманието кон својот уметнички творечки израз со што своите почетоци во македонската прозна книжевност ги имал во своите најзрели години, со сето свое книжевнотеоретско и критичко искуство. Поседувал извонреден однос и стил во книжевното творештво, претставувал еден од најупатените и најначитаните теоретичари во нашата книжевна средина, критичар со чувство, книжевен истражувач и раскажувач кој на македонската книжевна сцена настапил со бележити романи, со што стана еден од најзначајните раскажувачи на нашево време.

Автор е на книгите: Размислувања (критики, 1969), Толкувања (есеи и критики, 1973), Време на песната (есеи и критики, 1983), Поетските идеи на Конески (студија, 1986), Збор и разбор (студии, есеи и критики 1990), Александар и смртта (роман, 1992), Да се убие Апостол (роман, 1994), Канал (роман, 1994), Трета генерација (есеи и критики, 1995), Ах тој Париз што ја испи реката (роман, 1995), Историја на црната љубов(роман, 1996), Промена на Бога (роман, 1998), Книжевни текови (есеи и критики, 1998), Куќата на Мазарена (роман, 1999, 2000), Самоубиецот (роман 2002), Крале Марко (роман 2002).

Награди Добитник на наградите: Награда „Димитар Митрев“, Награда „Рациново признание“, Прва награда на издавачката куќа „Зумпрес“, Роман на годината на „Утрински весник“.

Наводи

Категорија:Македонски писатели Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Југословенски писатели Категорија:Југословенски универзитетски професори Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Категорија:Професори на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје