Кире Неделковски — македонски поет.Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр.
Животопис Неделковски е роден на година во Битола. Завршил Педагошка академија во Битола група Македонски јазик. До пензионирањето работел во П.П. „Неделковски Арт-Мак“ во Битола. Поезија објавува од 1972 година, а првата стихозбирка ја издал во 1982 година. Од 1981 година бил повеќепати уредник во списанијата: „Развиток“, „Стожер“ и „Раст“. Член на ДПМ од 1989 година. Бил секретар за меѓународна соработка во ДПМ, а со создавањето на „Битолскиот книжевен круг“ бил негов секретар.
Учесник е на бројни книжевни колонии, работилници, средби и други книжевни манифестации: Меѓународна мултимедијална колонија „Битола 2015“ Меѓународна мултимедијална колонија „Битола 2014“ Ликовно-книжевна колонија „Битола 2013“ Галичка книжевна колонија 2012 Галичка книжевна колонија 2012 Галичка книжевна колонија 2008 Прва книжевна работилница на ДПМ (2014) Литературна средба во „Матица ексклузив“ Литературна средба во „Матица ексклузив“ Поетски караван на ДПМ Поетски караван на ДПМ Поетски караван на ДПМ 2015 Поетскиот караван на ДПМ утре во Крушево Бит фест 2014 Бит фест 2014 Late Night книжевен шопинг на Широк Сокак
Неговото творештво е застапено во бројни изданија на книжевни списанија и избори на песни: Стожер бр. 119 Акт бр. 54 Акт бр. 54 Акт бр. 50 Хелис бр. 142 (романско книжевно списание) Меѓу две неба - Песни за Велестово „Меѓу две неба - Песни за Велестово“ Дваесет години поетска ноќ во Велестово (монографија) Литературен квасец бр. 11 (Levure littéraire no. 11)Levure littéraire no. 11 Kiré Nédelkovski
Бил член на жирито на БКК за доделување на наградата „Книжевен круг“Наградата Книжевен круг во рацете на писателот Иван Чаповски, како и за наградата „Ѓорѓи Котевски“
За неговите дела свое видување во облик на критики и рецензии дале повеќе автори: Петар Т. Бошковски, Ефтим Клетников, Радован П. Цветковски, Владимир Костов„Евангелие по Кире“ - Книжевно житие бр.32, год. VIII, октомври 2014, стр. 27-29, Петре Димовски„Возбудите се вечни води“ - Книжевно житие бр.30, год. VII, септември 2013, стр. 44-48, Мерсиха Исмајлоска„Нешто поинакво - пливање низ песните“ - Современост бр.1, 2014, стр. 100-101
Книжевно творештво Кире Неделковски е автор на стихозбирките: Потреси, КММ, 1982 Прав, Млад Борец, 1986, анонимен конкурс Слоеви, БИД Мисирков, 1989 Душа, Ѓурѓа, 1992, награда Ѓурѓа Некои нешта, БИД Мисирков, 1994 Безмерно, Macedonia Prima, 1997 Излегување од времето, ИД Развиток, 1999 Чуда, двојазичен поетски избор на македонски и аромански, Унија на Власите од Македонија, 2000 Откопано вино, двојазичен поетски избор на македонски и француски, Матица македонска, 2000, ISBN 9989-48-300-0; Судбини и соништа, Макавеј, 2004 Чест, Дијалог, 2008 Потреби, Дијалог, 2010 Дигитална димензија на душата, компакт-диск, БКК, 2011 Задоволства од зборови, БКК, 2011, ISBN 978-608-65291-0-9; COBISS.MK-ID 88029450 Моите мостови, БКК, 2012 Возбудата е вода, БКК, 2013, ISBN 978-608-65291-8-5; COBISS.MK-ID 93964042 Залив за задоволства, Матица македонска, 2014 Свој свет, Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола, 2015, ISBN 978-608-4538-55-4; COBISS.MK-ID 98792458 Живеалиште, двојазичен поетски избор на македонски и француски, Матица македонска, 2015, ISBN 978-608-10-0437-3; COBISS.MK-ID 99243530 Сарај од наслади, Панили - Скопје, 2016, ISBN 978-608-4633-85-3; COBISS.MK-ID 100370698 Метафизички мерки, БКК - Битола, 2017, ISBN 978-608-65728-7-7; COBISS.MK-ID 103386634 Долините на душата, Панили - Скопје, 2018, ISBN 978-608-254-020-7; COBISS.MK-ID 106461706 Споделувања, Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Битола, 2019, ISBN 978-608-4538-74-5; COBISS.MK-ID 110454026 Манастир од мисли, БКК - Битола, 2020, ISBN 978-608-4839-25-5; COBISS.MK-ID 52281093 Преведуван е на англиски, француски, аромански, романски, турски, српски и словенечки јазик.
Награди Добитник е на наградите Значајни личности за Битола – писатели: „Книжевна младина“, 1982 „Млад борец“, 1986 „Смедеревска поетска вечер“, 1987 „Ѓурѓа“, 1992 „Празник на липите“, 2000 „Медијала“, 2015
Наводи
Категорија:Македонски поети Категорија:Членови на ДПМ