Тврдината Рам е тврдина која се наоѓа во селото Рам, близина на градот Пожаревац, Србија. Сместен е на брдо, покрај кое минува реката Дунав. Не се знае кога најточно била изградена тврдината, но се знае дека таа е една од најстарите на овие простори. Најстариот извор датира од 1128 година, кога во нејзина близина Византија ја поразила на Унгарија. Тврдината подоцна била заземена од страна на Османлиите.

Тврдината има форма на неправилен петаголник, со најголема должина од 34 метри и ширина од 26 метри. Комплексот има пет кули, кои се сместени на четири нивоа. Во неа се влегува преку Донжон кулата, од југозападната страна. Тврдината е опколена со ниски ѕидини и остатоците се во добра состојбаhttp://spomenicikulture.mi.sanu.ac.rs Посетено на 16. 6. 2014http://www.cooperation.rs Посетено на 16. 6. 2014http://virtuelnimuzejdunava.rs Посетено на 16. 6. 2014http://srpska.etleboro.com Посетено на 16. 6. 2014.

Наводи

Рам Рам Категорија:Споменици на културата во Србија