Едгар Алан По (, — ) — американски писател, поет, уредник, критичар, еден од главните претставници на американскиот романтизам и предвесник на симболизмот. Најпознат по своите мистериозни раскази за макабрата, По е еден од првите американски раскажувачи и се смета за творец на детективската и криминалистичката проза. Исто така, нему му се припишува и заслугата за појавата на научната фантастика.Stableford, Brian. „Science fiction before the genre“. The Cambridge Companion to Science Fiction, уредено од Edward James и Farah Mendlesohn. Cambridge: Cambridge University of Press, 2003. pp 18-19. Тој е првиот познат американски писател кој живеел само од пишување, што се резултирало во финансиски тежок живот и кариера.

Животопис

Раѓање и рано образование (1809 — 1825) По е роден како Едгар По во шкотско-ирско семејство во Бостон, Масачусетс, како второ дете на Елизабет Арнолд Хопкинс По и Дејвид По Џуниор, патувачки глумци, венчани на 14 март 1806 година. Вилијам Хенри Леонард По бил неговиот постар брат, а неговата сестра се викала Розали По.Allen, Hervey. Introduction to The Works of Edgar Allan Poe (Вовед во Делата на Едгар Алан По), P. F. Collier & Son, New York, 1927. Татко му го напуштил семејството во 1810 година. Неговата мајка умрела во Ричмонд, Вирџинија, на 8 декември 1811 година, од туберкулоза и крајна сиромаштија, а на 26 декември истата година, По бил земен во домот на Џон Алан (по претпоставка, негов кум), успешен трговец со тутун од Ричмонд, и неговата жена Френсис, кои претходно немале деца. Иако неговото средно име, дури и во енциклопедиите, често е напишано „Ален“, неговото вистинско име било „Алан“ и е земено од неговото второ семејство. Розали По била посвоена од семејството на Вилијам Макензи, а брат му Хенри останал во Балтимор, со бабата и дедото. Џон Алан никогаш законски не го посвоил Едгар.Едгар Алан По, Маската на Црвената Смрт, Темплум, Скопје, 2003.„Хронологија“, во: Едгар Алан По, Поезија, Македонска книга, Скопје, 1969, стр. 65.„Хронологија“, во: Едгар Алан По, Одбрани песни. Скопје: Култура, Мисла, Македонска книга, Наша книга, 1986, стр. 65.

Во 1815 година, По заминал со семејството Алан во Британија, каде стекнал класично образование во Шкотска и во Англија, во периодот меѓу 1815 и 1820 година. Најпрвин, тој учел во интернатот на госпоѓа Дибор, каде меѓу останатите предмети, учел географија, правопис и катехизам на англиската црква, а во 1818 година продолжил во училиштето на Пречесниот Џон Брансби, чиј опис е верно пренесен во неговиот расказ „Вилијам Вилсон“, каде и самиот доктор Брансби се спомнува со неговото име. На 20 јули 1820 година, Едгар и неговото семејство тргнале назад во Ричмонд, Америка. Таму, По ги посетувал училиштата на Џозеф Х. Кларк и Вилијам Берк. Во текот на школувањето, По бил забележан како добар боксер и пливач, иако немал силна телесна градба. Исто така, во овој период, најверојатно во ноември 1824 година, По ја напишал неговата најрана сочувана песна: „Last night, with many cares and toils oppres'd / Weary, I laid me on a couch to rest —“. Таа не била објавена во текот на неговиот живот, ниту пак била искористена во некоја негова подолга песна. Во март 1825 година, По го напуштил училиштето на Берк и се запишал во училиштето на доктор Реј Томас. Истиот месец, вујкото на Џон Алан, Вилијам Голт, умрел во Ричмонд, а по негова желба, Џон Алан бил именуван за наследник.

Универзитетот, армијата и венчавката со Вирџинија (1826 — 1837) right|thumb|Вирџинија По, сликана по нејзината смрт.

Во 1826 година, во текот на 11 месеци, По студирал на Универзитетот на Вирџинија (Џеферсоновиот универзитет), покажувајќи особен интерес за францускиот и латинскиот јазик, но поради неговите големи коцкарски долгови, неговиот очув му го прекратил школувањето. Неговото враќање од Шарлотсвил, Едгар Алан По ги прекинал односите со очувот, обидувајќи се самостојно да си ја бара животната среќа. Неговото враќање во Ричмонд било обележано со една лична трагедија: неговата љубов од детството – Сара Елмира Ројстер, по барање на нејзините родители, веќе била свршена за богатиот стопанственик Александар Шелтон. Разочаран, По отишол во Бостон, каде што го користел името Хенри Ле Рене. Таму, под псевдонимот „Бостонец“, во 1827 година, По ја објавил својата прва книга Тамерлан и други песни.

Истовремено, По се занесувал со идејата да отпатува во Грција за да се бори за нејзината слобода, но наместо тоа, принуден од сиромаштијата, на 26 мај 1827 година, По се приклучил кон армијата, под името Едгар Алан Пери, каде стигнал до чинот наредник. Но, по смртта на неговата маќеа, Џон Алан го отпуштил По од армијата и му помогнал да се префрли во Американската воена академија во Вест Поинт. Пред да замине во Вест Поинт, во 1829 година, во Балтимор, По ја издал втората збирка поезија Ал Арааф, Тамерлан и помали поеми. Поради недисциплина, По бил отпуштен од академијата, бидејќи бил отсутен од сите вежби и часови во текот на една цела недела. Оттука, тој заминал во Њујорк, каде во 1831 година ја објавил збирката Поеми (Poems), посветена на американските кадети и која содржи неколку ремек – дела, од кои дел го покажуваат влијанието на Џон Китс, Перси Биш Шели и Семјуел Тејлор Колриџ.„Хронологија“, во: Едгар Алан По, Поезија, Македонска книга, Скопје, 1969, стр. 66.

Во текот на 1832 година, веројатно, заминал на пат низ Европа, а во март, се вратил во Балтимор, каде почнал да пишува раскази, со цел да заработува за живот. Таму, По живеел со својата тетка Марија Клем, нејзината единаесетгодишна ќерка, Вирџинија Елајза Клем и нејзиниот брат Хенри. Тогаш, По започнал да ја пишува и својата единствена драма Политичарот. Во октомври 1833 година, неговиот расказ „Порака најдена во шише“ ја освоил наградата од 50 долари на конкурсот спонзориран од балтиморскиот весник Саботен гостин. Наградата го спасила По од гладот и ја поттикнала неговата литературна кариера. Истовремено, овој успех, на По му овозможил познанство со Џон П. Кенеди, а преку него и со Томас Вајт, уредникот на Јужниот литературен гласник. Така, во јули 1835 година, По бил назначен за помошник-уредник на „Јужниот литературен гласник“ од Ричмонд, но по неколку недели бил отпуштен, поради проблемите со алкохолот. Малку подоцна, на 22 септември 1835 година, во Балтимор, По тајно се венчал со својата братучетка Вирџинија, која тогаш имала 13 години, а тој имал 27 години.„Хронологија“, во: Едгар Алан По, Одбрани песни. Скопје: Култура, Мисла, Македонска книга, Наша книга, 1986, стр. 66.

Откако ветил дека ќе се однесува добро, По бил вратен на неговото работно место. Тој го одржал ветувањето и работел како уредник на Саботниот гостин до јануари 1837 година. Во текот на овој период, тиражот на весникот се зголемил од 700 на 3.500 примероци. Во него, По објавил неколку свои поеми, литературни критики и раскази. На 16 мај 1836 година, Едгар Алан По и Вирџинија Клем и официјално се венчале.

Писателска зрелост и кариера (1838 — 1849) Во 1837 година, По се преселил во Њујорк, каде останал две години. Додека бил во Њујорк, во 1838 година, Едгар Алан По го објавил својот единствен роман „Авантурите на Артур Гордон Пим“, кој (како и речиси сите негови раскази) ја комбинирал фактичката стварност со неговите најлуди фантазии. Подоцна, Авантурите на Артур Гордон Пим, приказна која до денес не е целосно сфатена и разработена, му послужила на Херман Мелвил како инспирација за неговиот роман „Моби Дик“. Инаку, неколку децении подоцна, во 1897 година, Жил Верн го објавил двотомниот роман Сфингата од ледените полиња, кој бил замислен како продолжение на Поовиот роман (поради што често е преведуван и како Мистеријата за Артур Гордон Пим) и кој раскажува за доживувањата на екипажот од бродот Халбран кој се обидува да одгатне што се случило со Пим.

thumb|right|200px|Едгар Алан По во 1844 година

Во 1839 година, По се преселил со семејството во Филаделфија, каде летото станал помошник-уредник на Бартоновото списание за џентлмени во Филаделфија. Таму, По се посветил на пишувањето кратки раскази и ги напишал „Лижеја“, „Вилијам Вилсон“ и „Пропаста на куќата на Ашерови“, во кој натприродниот ужас го достигнува самиот врв на човечкото сфаќање. „Пропаста на куќата на Ашерови“ содржи една кратка студија на паранојата, за која денес се знае дека му припаѓа на некој Поов познаник, а не на самиот По. Подоцна, во 1839 година, во два тома, биле испечатени неговите Гротески и арабески, кои не доживеале финансиски успех, но денес се сметаат за едно од најважните дела во американската литературна историја. Тука, на едно место се собрани „Пропаста на куќата на Ашерови“, „Вилијам Вилсон“, „Беренис“ „Лижеја“ и „Порака најдена во шише“. Во јуни 1840 година, По дал отказ во Бартоновото списание за џентлмени, но во 1841 година повторно се вратил и станал уредник на неговиот наследник Греамово списание за дами и џентлмени, во кое истата година ја издал првата модерна детективска приказна „Убиствата во улицата Морг“ Истовремено, во текот на двете години поминати во ова списание, По напишал голем број одлични есеи и литературни критики, во кои ја бранел тезата за вистинскиот метод на критичкиот суд и го напаѓал национализмот.„Хронологија“, во: Едгар Алан По, Поезија, Македонска книга, Скопје, 1969, стр. 67.„Хронологија“, во: Едгар Алан По, Одбрани песни. Скопје: Култура, Мисла, Македонска книга, Наша книга, 1986, стр. 67.

Вечерта, на 20 јануари 1842 година, Вирџинија доживеала прскање на еден крвен сад додека пеела и свирела на клавир. Крвта почнала да тече низ нејзината уста и тоа бил првиот знак дека е болна од туберкулоза. По тој настан, таа долго време се борела со болеста, а По, загрижен и скршен од болеста на својата млада жена, почнал да пие поинтензивно. Во 1843 година, со расказот „Златната бубачка“, По ја освоил наградата од 100 долари на конкурсот организиран од филаделфскиот весник „Долар“, што му дало голем публицитет. Поради постојаните судири со редакциите на списанијата, во 1844 година, По повторно заминал за Њујорк, каде живеел во крајна сиромаштија, без постојана работа. Таму, тој ја напишал „Измамата со балонот“ за весникот „Сонце“, по што станал помошник-уредник на „Вечерно огледало“, под контрола на Н. П. Вилис, кој оттогаш бил негов доживотен пријател. Токму тука, на 29 јануари 1845 година, во секцијата '„Американски разгледи“, се појавила поемата „Гавранот“ (кај нас преведена од страна на Гане Тодоровски под насловот „Гарванот“), која преку ноќ му донела национална слава, но не и пари. Тогаш, По станал уреник на Бродвејскиот журнал, неделник со краток век на постоење, во кој тој повторно ги објавил своите раскази во текот на 1845 година. Истата година, во животот на По се појавила веќе заборавената поетеса Френсис Сарџент Лок Осгуд. Вирџинија не се противела на нивната врска, но Поовите јавни допишувања со неговата литературна љубов предизвикале голем скандал. Меѓу неколкуте поеми што По ѝ ги посветил на Френсис особено се истакнува „Љубичица“, која во себе содржи загатка, чие решение е нејзиното име, добиено кога ќе се земат првата буква од првиот стих, втората од вториот итн. Неговата збирка поезија '„Гавранот и останати поеми“, како и изборот од неговите '„Раскази“, исто така, биле отпечатени во 1845 година.„Хронологија“, во: Едгар Алан По, Одбрани песни. Скопје: Култура, Мисла, Македонска книга, Наша книга, 1986, стр. 67-68.

thumb|250px|left|Куќата на По во Бронкс