Вилијам Шекспир (); крстен на 26 април 1564 — 23 април 1616) — англиски писател кој се смета за најважниот англиски писател и водечки драматург во светот; ; .. Често е нарекуван „народен поет“ и „Бардот од Ејвон“. Неговите дела, како и колаборати, содржат 39 драми, 154 сонети, две долги наративни поеми и неколку други поеми. Неговите драми се преведени на сите светски јазици и се изведуваат почесто отколку на кој било друг драматург..
Шекспир бил почитуван поет и драматург во своето време, но денешниот углед главно започнува во XIX век. Романтичарите особено ја почитувале генијалноста на Шекспир, а викторијанците го обожавале со таква стравопочит што Џорџ Бернард Шо ја нарекува „бардолопоклонство“.. Во XX и XXI век, неговите дела уште поинтензивно се проучуваат и изведуваат, од најразлични културолошки, книжевни и политички перспективи ширум светот.
Живот Рани години Вилијам Шекспир бил најстариот син на Џон Шекспир (по потекло од Снитерфилд) и Мери Арден, ќерка на фармер. Џон Шекспир најпрвин бил фармер, а потоа успешен нараквичар и трговец (тргувал со месо, волна, кожа, жито, дрво и ракавици), кој некое време бил општински благајник и одборник, а потоа и претседател на општината.. Тој е роден во Стратфорд на Ејвон и крстен на 26 април 1564 година. Точниот датум на раѓање е непознат, но традиционално се смета дека се родил на 23 април, на Св. Ѓоргија..Живојин Симиќ, „Виљем Шекспир“, во: Виљем Шекспир, Ромео и Јулија. Београд: Рад, 1978, стр. 6-7. Оваа дата е привлечна за биографите на Шекспир (бидејќи починал на истиот ден во 1616 година), но сепак се смета дека е грешка која се провлекува уште од XVIII век.; . Шекспир бил трето од осумте деца на неговите родители и најстариот преживеан син..Borivoje Nedić, „Beleška o piscu“, во: Viljem Šekspir, Hamlet. Beograd: Rad, 1959, стр. 156.
Иако нема никакви записи од периодот на неговото школување, повеќето биографи се согласуваат дека Шекспир се школувал во Новото Кралско училиште (King's New School) во Стратфорд,; ; основано во 1553 година,. а оддалечено на околу четиристотини метри од неговата куќа. Училиштата во времето на владеењето на Елизабета Прва варирале по квалитет, но програмата, според која секое училиште морало да пружи интензивна настава по латинска граматика преку изучување на класични латински автори, била стандардизирана во цела Англија со кралски декрет.; .. Во училиштето има добри учители по хуманистички науки, но го прекинал школувањето на 14-годишна возраст, бидејќи морал да му помага на татко му, кому работата почнала да му оди надолу и западнал во долгови.Живојин Симиќ, „Виљем Шекспир“, во: Виљем Шекспир, Ромео и Јулија. Београд: Рад, 1978, стр. 7.
На 18-годишна возраст, Шекспир се оженил за 26-годишната Ен Хатавеј од блиското село Шотери. Дозволата за стапување во брак им била издадена на 27 ноември 1582 година. Има причини да се верува дека венчавката намерно била забрзана — брачните завети биле прочитани само еднаш, а било вообичаено да се читаат по трипати.; . Шест месеци по венчавката, Ен ја родила нивната прва ќерка Сузана, која била крстена на 26 мај 1583 година.. Близнаците Хамнет и Џудит биле родени по две години, а крстени на 2 февруари 1585 година.. Хамнет починал од непознати причини на 11-годишна возраст, а бил погребан на 11 август 1596 година.. Брачниот живот на Шекспир е опишан во неговата драма „Двајца благородници од Верона“ иако, за разлика од драмата во која пријателството победува над љубовта кон жената, во реалноста сопругата на Шекспир го изневерила со еден негов пријател. Оваа болна случка, Шекспир ја опеал и во своите сонети, ососбено во 29. и 32. сонет.Јован Дучић, Благо Цара Радована (друго издање). Београд: Laguna, 2018, стр. 205-206.
За животот на Шекспир во наредните неколку години практично и нема никакви докази: не постои ниту едно сочувано негово писмо, тој не оставил ниту една белешка за себе и не е сочиуван ниеден оригинален ракопис од неговите дела; единствено, сочуван е неговиот потпис на неколку документи, вклучувајќи го и неговиот тестамент.Живојин Симиќ, „Виљем Шекспир“, во: Виљем Шекспир, Ромео и Јулија. Београд: Рад, 1978, стр. 5. Годините помеѓу 1585 и 1592 година стручњаците ги нарекуваат „изгубените години“ и не е познато зошто го напуштил Стратфорд, каде што останало неговото семејство, а не е познато ниту што правел во тој период. Некои сметаат дека бил селски учител, други дека бил приватен учител во куќата на некој благородник, трети дека бил писар во адвокатска канцеларија, според некои бил војник, дека во текот на три години бил морнар во служба на адмиралот Дрејк итн. Во 1592 година, за првпат се спомнува неговото име во лондонскиот театарски контекст. Биографите на Шекспир често се служат со неверодостојни („апокрифни“) приказни во обид да го реконструираат појавувањето на Шекспир во лондонските театри. Првата биографија за Шекспир е објавена во 1709 година, а нејзин автор е Николас Роу. Тој раскажува една стратфортска легенда — Шекспир избегал од Стратфорд поради тоа што го гонеле за ловокрадство на елени на имотот на Томас Луси, политичар и земјопоседник за кого испеал погрдна балада, кога тој почнал судски да го гони. Според една верзија, тој работел како приватен учител во домот на некој благородник при што патувал низ Италија како придружник на својот ученик. Постои и приказна од XVIII век дека Шекспир ја започнал театарската кариера како чистач на коњи на театарските патрони.. Џон Обри вели дека Шекспир бил учител во својот град.. Сепак, за овие и слични приказни има многу малку докази.; .
Лондон и театарската кариера
Не е точно познато кога почнал да пишува Шекспир, но доказите што постојат од тоа време (пр. регистар на поставени драми) укажуваат на тоа дека неколку негови драми веќе биле изведувани до 1592 година. Тој бил толку добро познат во Лондон што неговиот колега-драматург, Роберт Грин, во книгата A Groats-Worth of Wit (грубо прев. „Ум вреден грош еден“) вака го напаѓа:
„...има една новопечена страчка, накитена со наши перја, со тигарско срце замотано во глумечка кожа, која си мисли дека ја бива да пука бели стихови како најдобрите од вас: и како вистинскиот Johannes factotum каков што е, си наумил дека е единствениот „сцено-тресач“ (Shake-scene) во земјава“. [слободен превод] .
Повеќето стручњаци се согласуваат со тоа дека Грин го обвинува Шекспир што се обидувал да се мери со „универзитетските умови“ - Кристофер Марло, Томас Неш и самиот Роберт Грин.; .. Фразата во италик е пародија на стихот „О, тигарско срце замотано во женска кожа“ од шекспировата „Хенри Шести, дел 3“. Тука е и играта со зборови „Shake-scene“, која го идентификува Шекспир како метата на Грин.
Нападот на Грин е првиот текст во кој се спомнува присуството на Шекспир во театарот. Тоа го потврдува и Четл, издавачот на книгата на Грин кој јавно му се извинил на Шекспир за своето индиректно учество во нападот на Грин.Borivoje Nedić, „Beleška o piscu“, во: Viljem Šekspir, Hamlet. Beograd: Rad, 1959, стр. 156-157. Биографите проценуваат дека неговата кариера најверојатно започнала во средината на 1580-те,; ; кога не ѝ припаѓал на некоја театарска група, туку работел за неколку дружини. Од 1594 година, драмите на Шекспир ги изведувала ексклузивно Трупата на Лордот Коморник, театарска дружина во сопственост на неколку глумци меѓу кои бил и Шекспир, која за скоро време станала најпознатата театарска дружина во Лондон.. По смртта на кралицата Елизабета Прва во 1603 година, трупата била преименувана во „Трупата на Кралот“ од страна на наследникот на Елизабета, кралот Џејмс Први, а нејзините глумци примале редовна плата од кралскиот двор..Живојин Симиќ, „Виљем Шекспир“, во: Виљем Шекспир, Ромео и Јулија. Београд: Рад, 1978, стр. 8. Во 1598 година, Ф. Мирс во делото „Ризница на духот“ напишал дека Шекспир „е најдобар меѓу Англичаните во двата вида театар“, како и дека пишувал „слатки сонети“. Исто така, тој ги наведол дванаесетте драми што ги напишал Шекспир до тогаш.Borivoje Nedić, „Beleška o piscu“, во: Viljem Šekspir, Hamlet. Beograd: Rad, 1959, стр. 157. Во 1599 година, истата група глумци го изградила театарот „Глоуб“ (The Globe), на јужниот брег на реката Темза. Записите за сопствеништвото на Шекспир (кој бил еден од деветмината акционери во театарот) укажуваат на тоа дека тој се збогатил од овие инвестиции. Иако Шекспир бил редовен член на Кралската трупа, најверојатно никогаш не играл главни улоги во претставите. Постои белешка во која еден од членовите на театарската дружина на лордот Чемберлен изјавил дека Шекспир „глумел извонредно“ и дека бил „убав, складно развиен“ и „многу пријатен во друштвото“.. Во 1597 година, Шекспир ја купил втората најголема куќа во Стратфорд, „Њу Плејс“ (New Place)..
Некои од драмите на Шекспир биле објавувани во кварто изданија по 1594 година. Од 1598 година, неговото име било многу познато и почнало да се појавува на насловните страници на изданијата.; ; Покрај пишувањето драми, Шекспир продолжил и да глуми во свои и други претстави. Има докази дека глумел во две драми на Бен Џонсон, а во Првото фолио е наведено дека Шекспир бил еден од „главните глумци во сите овие драми“.. Во 1610 година, Џон Дејвис напишал дека „добриот Вил“ глумел „кралеви“.. Во 1709 година, Роу прв рекол дека Шекспир го глумел духот на таткото на Хамлет.. Според традицијата, се смета дека го глумел Адам во „Како што милувате“ и Хорот во „Хенри Петти“,; иако стручњаците не се сигурни околу веродостојноста на изворите..
Последните години и смртта Кај Роу првпат се споменува дека Шекспир се повлекол во Стратфорд во 1610 година,Живојин Симиќ, „Виљем Шекспир“, во: Виљем Шекспир, Ромео и Јулија. Београд: Рад, 1978, стр. 9.. иако во тоа време целосно повлекување и „пензионирање“ било доста невообичаено,. па Шекспир продолжил да го посетува Лондон до 1614 година. Во 1612 година, бил повикан да сведочи во безначаен случај.; . Истата година стакнал одреден имот во вид на награда.Borivoje Nedić, „Beleška o piscu“, во: Viljem Šekspir, Hamlet. Beograd: Rad, 1959, стр. 158. Во ноември 1614 година, поминал неколку недели во Лондон со неговиот зет Џон Хол.. Според неговиот биограф Роу, „последниот дел од животот го минал, како што би сакале сите мудри луѓе, во удобност, повлеченост и разговор со пријателите... Неговиот пријатен дух и добродушноста му овозможија познанство и пријателство со господата од соседството.“Живојин Симиќ, „Виљем Шекспир“, во: Виљем Шекспир, Ромео и Јулија. Београд: Рад, 1978, стр. 9-10.
По 1606-1607, Шекспир пишувал многу помалку. Неколку драми напишани по 1613 година не му се припишуваат нему.. Последните три драми му се заеднички зафат, најверојатно со Џон Флечер,. кој го наследил како главен драматург за „Трупата на Кралот“..
Шекспир починал на 23 април 1616 година,. оставајќи ги зад себе жена си и двете ќерки. Сузана се омажила за доктор, Џон Хол, во 1607 година,. а Џудит за винарот Томас Квини, само два месеци пред смртта на Шекспир..
Во тестаментот, Шекспир го оставил најголемиот дел од имотот на ќерката Сузана,. со јасни инструкции таа да го проследи на нејзиниот прв син.. Џудит имала три деца, но сите починале пред да се венчаат.; . Сузана родила само едно дете, Елизабета, која се омажила двапати, но умрела во 1670 година, без да роди дете, со што ја прекинала директната крвна линија на Шекспир.; . На сопругата Ен, на која по правило ѝ следува третина од целиот имот, ѝ го оставил „вториот најубав кревет“. Некои стручњаци велат дека со ова тој ја навредил Ен, а други пак велат дека тој кревет веројатно им бил брачен и со тоа многу позначаен од најубавиот..
Шекспир бил погребан во црквата „Свето Тројство“ (Holy Trinity Church) во Стратфорд, во близина на олтарот, два дена по смртта.; Епитафот е гравиран во камен и го колне секој оној што ќе се обиде да ги помести неговите коски.
Good friend, for Jesus' sake forbear, To dig the dust enclosed here. Blessed be the man that spares these stones, And cursed be he that moves my bones.
(Пријателе, те молам, во име на Бога пепелта што лежи овде да не ја копаш.