мини|Маслиново масло Маслиново масло — масло добиено од маслинки (Olea Europaea) чие дрво културно и традиционално припаѓа на околината на Средоземното Море. Маслинката потекнува од Мала Азија и од таму се шири до сите страни на светот. Вообичаено се користи во готвењето (особено во средоземните држави), козметиката, фармацијата и како гориво за традиционалните кандилата.
Маслиновото масло е значително богато со мононезаситени масти, особено олеинска киселина. Епидемиолошки студии покажуваат дека поголем процент на мононезаситени масти во исхраната е поврзано со намалување на ризикот од коронарна срцева болест.
Особено ценето е т.н. „девствено маслиново масло“.
Маслиновото масло во популарната култура „Маслиново масло“ (англиски: Olive oil) — песна на британската рок-група Happy Mondays од 1987 година.Happy Mondays – Squirrel And G-Man Twenty Four Hour Party People Plastic Face Carnt Smile (White Out) (пристапено на 29.11.2022)
Наводи
Категорија:Растителни масла Категорија:Средоземна кујна Масло