Партијата за демократски просперитет (ПДП) () — политичка партија на етничките Албанци во Република Македонија. Основана е на 15 април 1990.
Резултати од парламентарни избори Година на избориВодачБрој на гласови% на гласовиБрој на мандати+/–Влада1990Абдулади Вејсели1994Абдулади Вејсели 71998Абдулади Вејсели 02002Абдулади Вејсели26,8532.25 82006Абдулади ВејселиДУИ 12008Абдулади Вејсели7,2130.73 32011Абдулади Вејсели2770.02 02014Абдулади Вејсели3850.03 02016Абдулади Вејсели1.1430.10 0
Историја Од 1992 до 1998 ПДП е дел од коалиционите влади предводени од СДСМ. По парламентарните избори од 1998 година, ПДП преминува во опозиција и оттогаш поддршката за ПДП почнува драстично да опаѓа. Некогашната најсилна партија кај етничките Албанци во Република Македонија, на парламентарните избори во 2002 година освоила само 2,3% од гласовите и само два мандати во Собранието.Пратенички состав 2002-2006 , официјален портал на Собранието на Република Македонија На парламентарните избори 2006 година настапила во коалиција со Демократската унија за интеграција и освоила три мандати.Пратенички состав 2006-2008 , официјален портал на Собранието на Република Македонија По изборите ПДП била во опозиција, но во мај 2007 година партиското раководство одлучило да ја прифати понудата на тогашниот новоизбран премиер Никола Груевски да влезе во владината коалиција, добивајќи го министерството за локална самоуправа. На следните парламентарни избори, партијата настапила самостојно и ги загубила трите пратенички места.
Партијата подоцна настапила самостојно на парламентарните избори во 2011, 2014 и 2016 притоа не освојувајќи ниеден мандат.Пратенички состав 2011-2014 , официјален портал на Собранието на Република МакедонијаПратенички состав 2014-2016 , официјален портал на Собранието на Република МакедонијаПратенички состав 2016-2020 , официјален портал на Собранието на Република Македонија Претседател на ПДП е Абдулади Вејсели, а негови претходници биле: Невзат Халили, Абдурахман Алити и Имер Имери. Партијата згаснала во 2017, а членството преминало во Беса и Алијанса за Албанците.По 27 години згасгаснува ПДП
Претседателски избори Партијата имала еден кандидат за претседател на Македонија, тогашниот водач на партијата, Мухамед Халили кој на претседателските избори во 1999 година освоил 45.731 гласови или 4,4% од вкупниот број на гласови. Халили не успеал да се квалификува во вториот круг од изборите.
Наводи
Категорија:ПДП Категорија:Појавено во 1990 година во Македонија