Југоисточен регион — еден од осумте плански региони на Македонија. Овој регион се наоѓа во југоисточниот дел на државата и се граничи со Бугарија на исток и Грција на југ и внатрешно со Вардарскиот Регион на запад и Источниот Регион на север. Регионот се состои од 10 општини, додека административен центар е Струмица.

Регионот ги опфаќа Струмичко-радовишката и Гевгелиско-Валандовската котлина односно сливното подрачје на реката Струмица, притока на Струма, и долното сливно подрачје на реката Вардар. Неговата површина е 2.739 квадратни километри или 11% од територијата на државата.

Општини thumb|400px|Карта на општините.|right Во овој регион има 10 општини, и тоа:

20п Општина Ново Село

Демографија

Население Моментално оваа област има 171.416 жители.

Попис Население Промена 1994 167.941 н/п 2002 171.416 +3,13 %

Најголеми населени места

Ранг Населено место Население1 Струмица 35.3112 Радовиш 16.223 3 Гевгелија 15.685 4 Богданци 6.0115 Валандово 4.4026 Ново Село 2.756 7Куклиш2.5328Муртино2.2099 Василево 2.17410Банско1.992

Етнички групи Најголемата етничка група во овој регион се Македонците. Број % Вкупно 171.416 100 Македонци 154,957 90.39 Турци 12,661 7.38 Срби 1,194 0,69 други 2,604 1.51

Поврзано

Статистички региони во Македонија Општини во Република Македонија Македонија

Надворешни врски Центар за развој на Југоисточен Регион

Наводи

Категорија:Региони на Македонија *