Meѓународни односи (МО) претставува учење за надворешните работи и глобалните прашања помеѓу одредени држави во меѓународниот систем, вклучувајќи ги улогите на државите, внатрешно-владините организации (ВВО), невладините организации (НО) и мултинационалните корпорации (МНК). Тоа е академско и јавна стратегија, и може да биде позитивна и негативна, затоа што и двете стратегии бараат да се анализира и формулира надворешната политика на одредени држави. Често се смета како гранка на политичките науки.

Со исклучок на политичките науки, МО се интересираат за различни области како што се: економија, историја, право, филозофија, географија, социологија, антропологија, психологија и културните науки. Вклучуваат и разновиден асортиман на (избор) на прашања кои ги вклучуваат но не ограничуваат со: глобализација, државна независност, еколошки развој, јадрена распространетост, национализам, економски развој, финансии на глобално ниво, тероризам, организиран криминал, човекова безбедност и надворешен интервенционализам.

Историја

Историјата на меѓународните односи влече корени уште од мирот во Вестфалија во 1648 година, каде што бил развиен системот на модерна држава. Европската средновековна организација претходно се засновала на еден нејасен хиерархиски религиозен ред. Весфалија го вовела легалниот концепт за независност, кој суштествено значи дека владетелите или законските суверени области немале внатрешна еднаквост со дефинираната територија, и не постоеле надворешни претпоставени како најголем авторитет во границите на независната територија. Наједноставен начин за да се разбере ова е дека независноста вели “ Не ми е дозволено да ти казжувам што да правиш, и тебе не ти е дозволено да ми казжуваш што да правам”. Класичната Грчка и Римска власт во тоа време наликувала на Вестфалскиот систем, но и на двете страни му недостасувала независност.

Вестфалија го охрабрувала растот на независната нација- држава, институционализацијата на дипломатијата и армиите. Особениот европски систем бил експортиран во Америка, Африка и Азија преку колонијализам и “стандардите на цивилизацијата”. Современиот меѓународен систем конечно бил создаден со деколонијализација за време на Студената војна. Додека ситемот држава-нација се смета како модерен, многу други држави го присвоиле тој систем и се означени како пред-модерни.

Понатаму повеќето држави кои застанале зад системот биле означени како постмодерни. Способноста на дискусијата за современи меѓународни односи да ја објасни врската на овие различни виови на држави е прилично дискутабилна. “Нивоа на анализа” е начин на гледање на меѓународниот систем кој го вклучува поединечното ниво, домашната нација држава како единица, меѓународното ниво на меѓународни и меѓувладини односи, како и глобалното ниво.

Она што јасно беше признато како Теорија на меѓународните односи, не беше развиено се дури до крајот на Прва светска војна, и повеќе детали се изнесени подолу. Како и да е, теоријата за МО има долга традиција на вовлекување во работата на други социјални науки. Употребата на големите букви М и О во терминот “меѓународни односи” има за цел да ја разграничи академската дисциплина Меќународни односи од феноменот на Меѓународни односи. Многумина ја споменуваат Историјата на војната на Пелопонез како инспирација за реална теорија со Хобс, Левиатан и Принцот од Макијавели, прикажувајќи понатамошна разработка.

Слично на тоа, либерализмот се приклучува кон работата на Кант и Русо, чија работа често била споменувана како прва разработка на демократската мировна теорија. Иако модерните човекови права се значително различни од типот на права претставени во природниот закон, Франциско де Виторија, Хуго Гроциус и Џон Лок ја понудиле првата одговорност на универзално право на одредени права на основа на целото човештво. Во дваесеттиот век, дополнително на модерните теории за либерален интернационализам, од меѓународните односи бил основан Марксизмот.

УЧЕЊЕ ЗА МЕЃУНАРОДНИТЕ ОДНОСИ

На почетокот, меѓународните односи како разновидно поле на изучување скоро целосно беше сместено во Британија. Во 1919 година, претседателот на меѓународна политика го формирал универзитетот во Велс. Aberystwth, подпомогнат од Дејвид Дејвс ја добил првата академска позиција посветена на меѓународните односи. Во раните дваесетти години, одделот за меѓународни односи при Лондонското училиште за економија беше формирано по заповед на добитникот на Нобелова награда Филип Ноел- Бекер.

Првиот универзитет кој целосно бил посветен на МО бил институтот за последипломски студии за меѓународни студии ( сега последипломски институт за меѓународни и студии за развој), кој беше формиран во 1927 година, за да обучува дипломати за работа во Друштвото на народите која била формирана во Женева неколку години претходно. Последипломскиот институт за меѓународни студии понудил едни од првите докторски дипломи за меѓународни односи. Училиштето за надворешен сервис Едмунд.А. Волш при универзитетот Џорџтаун е најстариот факултет за меѓународни односи во Соединетите Американски држави. Комитетот за меѓународни односи на универзитетот во Чикаго бил првиот кој понудил диплома за последипломски студии во 1928 година.

Други вклучени училишта се и училиштето за меѓународни сервиси (УМС) на Американскиот универзитет, училиштето за меѓународни и јавни прашања (УМЈП) на универзитетот Колумбија, училиштето за напредни меѓународни студии Пол.Х.Нице (УНМС) при универзитетот Џон Хопкинс, училиштето за меѓународни односи при универзитетот Св.Андреј, училиштето за меѓународни прашања Елиот на универзитетот Џорџ Вашингтон, училиштето Флечер на универзитетот Туфтс и училиштето за меѓународни и јавни прашања Вудроу Вилсон на универзитетот Принстон.

ТЕОРИЈА

ЕПИСТЕМИОЛОГЈА НА ТЕОРИЈАТА ЗА МЕЃУНАРОДНИ ОДНОСИ

Теориите за МО можат строго да бидат поделени на еден од два епистемиолошки делови-позитивистички и постпозитивистички. Позитивистичките теории имаат за цел да ги повторуваат методите на природните науки со анализирање на влијанието на метеријалните сили. Типично се фокусираат на одликите на меѓународните односи како што е соработката меѓу државите, распространетоста на воените сили, балансирање на моќите итн. Постпозитивистичката епистемиологија ја одбива идејата дека општествениот свет може да биде студиран на еден објективен и невредносен начин. Ги одбива централните идеи на неолиберализмот /либерализмот како што се рационалната изборна теорија, сметајќи дека научниот метод не може да биде воведен во социјалниот свет, и дека науката за МО е невозможна.

Клучната разлика меѓу двете позиции е дека, додека позитивистичките теории како и неореализмот нудат едноставни објасненија (како тоа зошто и како се перформира моќта), постпозитивистичките теории се фокусираат на конститутивни прашања, како што се на пример што се подразбира под зборот моќ и што го сочинува, како е искусен и како е создаден. Многу често постпозитивистичките теории јасно промовираат еден нормативен пристап кон МО и тоа земајќи ја предвид етиката. Ова е нешто што често било игнорирано под поимот традиционални МО, бидејќи позитивистичките теории прават разлики помеѓу поимите факти и нормативни оценки или вредности. За време на една дебата помеѓу позитивистите и постпозитивистите во доцните 1980-ти и раните 1990-ти години, дебатата станала толку доминантна што била опишана и како Третата голема дебата (Лапид 1989).

ПОЗИТИВИСТИЧКИ ТЕОРИИ

РЕАЛИЗАМ Реализмот се фокусира најмногу на државната безбедност и на моќта. Раните реалисти како што се Е.Х.Кар и Ханс Моргентеј ја воделе дебатата дека државите се интересираат само за себе, и дека се рационални глумци кои се стремат само за моќ и бараат да ја максимизираат својата безбедност и шансите за преживување. Секоја соработка помеѓу државите е објаснета како функционална, со цел да се максимизира безбедноста на секоја поединечна држава (како спротивност на многу идеалистички причини). Многу идеалисти ја гледале Втората светска војна како потврда на нивната теорија.

Треба да биде забележано дека класичните писатели како Макијавели и Хобс често се наведуваат како татковци на реализмот.Како и да е, додека нивната работа ја поддржува реалистичката доктрина, не е веројатно дека самите би се класифицирале како реалисти (во смисла на терминот). Реалистите често се поделени во две групи: класични и реалисти за човековата природа (како што е опишано овде) и структурални и неореалисти (долу).

ЛИБЕРАЛИЗАМ/ ИДЕАЛИЗАМ/ ЛИБЕРАЛЕН ИНТЕРНАЦИОНАЛИЗАМ

Либералната теорија за меѓународните односи се појавиле после Првата светска војна како резултат на неспособноста на државите да ја контролираат или ограничат војната во нивните меѓународни односи. Раните приврзаници ги вклучуваат Вудроу Вилсон и Норман Ангел, кои жестоко се расправале дека државите би добиле од соработката и дека војната е премногу бескорисна и уништувачка.

Реализмот не беше познат како разбирлива теорија се дури не бил означен како идеализам од Е.Х.Кар. Новата верзија на идеализам која се фокусирала на човековите права како основа за легитимност на меѓународното право била унапредена од Ханс Колер.

Понатамошни информации: либерален интернационализам

НЕОЛИБЕРАЛИЗАМ

Неолиберализмот се надоврзува на либерализмот, прифајќајќи ја неореалистичката претпоставка дека државите се клучни глумци во меѓународните односи. Поборниците како Марија Чата кажуваат дека државите ќе соработуваат независно од релативната добивка, но затоа пак се загрижени за апсолутната добивка. Ова исто така значи дека нациите во суштина се слободни да изберат за тоа каква политика ќе спроведуваат, без некоја меѓународна организација да го блокира правото на нациите за суверенитет.

Неолиберализмот содржи исто така и економска теорија која се заснова на употребата на отворени и слободни пазари со мала или воопшто никаква владина интервенција, за да се спречи да се формираат монополи и конгломерати. Зголемената меѓусебна зависност од меѓународни институции за време и после Студената војна довело до тоа да неолиберализмот биде дефиниран како институционализам чиј нов дел од теоријата бил унапреден од Роберт Кеохан и Џозеф Ни.

Понатамошни информации: комплексна меѓусебна зависност

ТЕОРИЈА НА РЕЖИМОТ

Теоријата на режимот е настаната од либералната традиција која расправа дека меѓународните институции или режими влијаат на однесувањето на државите (или други меѓународни глумци). Се претпоставува дека соработката е можна во еден анархичен систем на држави т.е режимот по дефиниција е пример на меѓународна соработка.

Додека реализмот предвидува дека конфликтот треба да биде правило во меѓународните односи, теористите на режимот велат дека сепак постои соработка и покрај безредието. Покрај другите прашања тие често ја споменуваат и соработката во трговијата, човековите права и колективната безбедност. Овие примери на соработка се режим. Најшироко прифатената дефиниција за режимот доаѓа од Стефан Краснер. Тој ги дефинира режимите како институции кои поседуваат норми, право на одлуки, и процедури кои го олеснуваат приближувањето кон очекуваното.

Не сите пристапи кон теоријата на реализмот се либерални или неолиберални. Некои интелектуалци на реализмот како Јозеф Греико развиле хибридни теории кои имаат реалистички заснован пристап кон оваа фундаментално либерална теорија.

ПОСТ-ПОЗИТИВИСТИЧКИ/РЕФЛЕКТИВИСТИЧКИ ТЕОРИИ

ТЕОРИЈА НА МЕЃУНАРОДНОТО ОПШТЕСТВО (АХГЛИСКО УЧИЛИШТЕ)

Теоријата за меѓународно општество исто така позната и како Ахглиско училиште, се фокусира на нормите и вредностите на државите и како тие ги рагулираат меѓународните односи. Примери на такви норми се: дипломатија, ред и меѓународно право. За разлика од неореализмот, не е посебно позитивистички. Теоретистите се фокусирани посебно на хуманитарната интервенција, и се поделени помеѓу солидаристи кои се стремат да го поддржат тоа, и плуралисти кои многу ги вреднуваат редот и суверенитетот. Николас Вилер е проминентен солидарист, додека Хедли Бул и Роберт. Х.Џексон се можеби најпознатите плуралисти.

СОЦИЈАЛЕН КОНСТРУКТИВИЗАМ