Битката кај Гранада — битка одиграна на 2 јануари 1492 година помеѓу христијанските сојузници предводени од Кралство Арагон и Кралство Кастиља од една страна и Гранадскиот Емират од друга страна, предводени од Мухамед XII од Гранада. Градот на поверќе пати бил ставен во опсада од страна на христијаните, но без успех. Така, христијаните конечно во 1492 година успеале да го заземат градот. Ова означувало крај на маварското владеење и распаѓање на ел-Андалус по скоро 780 години од една страна, и обединување на двете христијански кралства во една држава под името Шпанија.

Гранада Гранада Гранада Категорија:Шпанија во 1492 година Категорија:Опсади на Шпанија Категорија:Судири во 1492 година Категорија:Гранада Категорија:Европа во 1492 година