Поткралство Нова Шпанија () — поткралство кое било под директно влијание на Кралство Шпанија во периодот од 1535 до 1821 година. Териториите на ова поткралство се наоѓале во Северна Америка, односно териториите на денешните држави: Мексико, југозападните делови на САД и Флорида, Гватемала, Белиз, Никарагва, Салвадор, Костарика и Куба, како и Филипините и други острови во Тихи Океан.

Нова Шпанија била раководена од страна на поткрал, кој бил директно назначуван од страна на кралот на Шпанија. Првиот поткрал на Нова Шпанија бил Диего Колумбо, син на Кристофер Колумбо кој во 1509 година градот Санто Доминго го избрал за своја престолнина. По 26 години, престолнината била преместена во Град Мексико.

Улогата на поткралот во поткралството дирекно ја определувал кралот на Шпанија. Тој командувал со војската, избирал кандидати за виши црковни училишта, имал контрола врз сите колинии во северна и Јужна Америка, но немал право да воведува нови закони и неговиот мандат бил ограничен.

По поразот во 1821 година од страна на мексиканците предводени од Агустин де Итурбид, Шпанија ги загубила сите територии во Северна Америка. Куба и Филипините останале под нејзиното владеење до 1898 година.

Категорија:Шпанска колонизација на Америка Категорија:Поранешни колонии на Шпанија Категорија:Држави и територии распаднати во 1821 година