мини|343x343пкс|Дванаесетте апостоли во фреската на Леонардо да Винчи „Тајната вечера“ Апостоли (еднина: апостол, = „гласник, проповедник“) — најблиските ученици и следбеници на Исус Христос што го проповедале Евангелието.

Во потесна смисла, изразот „апостол“ се однесува на дванаесетте непосредни Христови ученици (Мт. 10:2–4; Лк. 6:13–15); во поширока смисла — и на 70-те најблиски соработници на неговата Црква, избрани од него (Лк. 10:1–2), наречени и „седумдесетте апостоли“.

Било нагласено и дека Павле бил избран за апостол по Вознесението на Исус Христос (Дела 22:11; Рим. 11:13).

Дванаесетте апостоли

Дванаесетте апостоли се дванаесетте непосредни Христови ученици — Петар, Андреј Првоповиканиот, Јаков Зевдеев, Јован Богослов, Филип, Вартоломеј, Тома, Матеј, Јаков Алфеев, Јуда Тадеј, Симон Кананецот, Јуда Искариот (Мт. 10:2–4). Откако Јуда отпаднал, Матиј бил избран за еден од дванаесетте апостоли (Дела 1:23–26).

Наводи

Надворешни врски

„Апостол“

Категорија:Апостоли Категорија:Јудеохристијанство Категорија:Христијанството во 1 век Категорија:Личности од Новиот завет