Европската централна банка (ЕЦБ) (англиски: European Central Bank, ECB) со седиште во Франкфурт на Мајна, Германија, е централна банка на Еврозоната, која е надлежна за монетарната политика на членките на Европската унија што го употребуваат еврото како валута. ЕЦБ е основана на 1 јуни 1998 година. Европската централна банка (ЕЦБ) е орган на ЕУ и заедно со централните банки на 17 членки на ЕУ го сочинува заедничкиот Европски систем на централни банки (ЕСЦБ). Иако ЕЦБ и ЕСЦБ биле основани со Договорот на ЕУ од 1992 година, тие започнале да работат дури во 1998 (ЕЦБ) и 1999 година (ЕСЦБ) со воведувањето на еврото за безготовински плаќања. ЕЦБ и ЕСЦБ го замениле Европскиот монетарен институт, кој бил воведен во 1994 година врз основа на Европскиот економски и монетарен сојуз.
Капиталот на банката е во сопственост на централните банки на сите 27 членки на ЕУ. Банката е основана со Договорот од Амстердам во 1998 година, и е со седиште во Франкфурт, Германија. Актуелниот претседател на Европската централна банка е Марио Драги, поранешен гувернер на Банката на Италија кој го замени Жан-Клод Трише.
Економски и монетарен сојуз Воведувањето на монетарниот сојуз било извршено со ратификацијата на Спогодбата за Европската унија во Мастрихит, во 1992 година. Економските придобивки од формирање на монетарниот сојуз се гледаат во следното: единствена валута ги отстранува трансакционите трошоци при менување на валутата на земјите членки (која се проценува на 0.5% од БДП на Европската унија), исчезнува ризикот од флуктуација на девизните курсеви, како на домашните така и на странските валути при трговијата внатре во ЕУ, независната Европска централна банка гарантира ценовна стабилност.
Формирањето на монетарниот сојуз значи одрекување на монетарниот суверенитет на земјите членки во корист на ЕЦБ. Основањето на ЕЦБ претставува институционален столб на монетарниот сојуз. Воведувањето на економскиот и монетарен сојуз се одвивало во три фази: Прва фаза (1 јули 1990 година - 31 декември 1993 година): слободно движење на капиталот меѓу земјите-членки, координација на економските политики и поблиска соработка помеѓу централните банки. Оваа фаза била пропратена со неповолни економски услови (рецесија, голема невработеност, висок јавен долг на поединечните земји, зголемени осцилации на девизните курсеви итн.) Втора фаза (1 јануари 1994 година - 31 декември 1998 година): конвергенција на економската и монетарната политика на земјите-членки, со цел да се осигура стабилноста на цените и јавните финансии, воспоставувањето на Европскиот монетарен институт (ЕМИ) и Европската централна банка (ЕЦБ). Трета фаза (од 1 јануари 1999 година): неповратно утврдување на паритетот за замена на одделните валути за еврото и воведување на единствената валута на девизниот пазар за електронските плаќања и воведувањето на евро банкноти и монети.
Основање на Европската централна банка Европската централна банка е наследник на Европскиот монетарен институт (ЕМИ). ЕМИ бил основан во почетокот на втората фаза од економскиот и монетарен сојуз за да се справи со преодните прашања на државите, усвојување на еврото и да го подготви создавањето на Европската централна банка и Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ). ЕМИ ја презел функцијата од претходниот Европски монетарен фонд за соработка (EMФС). ЕЦБ формално го заменила ЕМИ на 1 јуни 1998 година врз основа на Спогодбата за Европската унија (Спогодбата од Мастрихт), сепак таа не функционирала во целост до воведувањето на еврото на 1 јануари 1999 година, сигнализирајќи ја третата фаза на ЕМУ. ЕЦБ била последна институција потребна на ЕМУ, како што било наведено извештаите за ЕМУ направени од страна Пјер Вернер и Жак Делор. ЕЦБ формално започнала со работа на 1 јуни 1998 година.Официјална страница на ЕСВ
Иако Европската централна банка има правен субјективитет, таа не ги заменува националните централни банки, туку заедно со националните централни банки од земјите членки на Европската Унија, ја сочинуваат групата која се нарекува Европски систем на централни банки (European System of Central Banks – ESCB). Почетниот (основачкиот) капитал на Европската централна банка изнесувал пет милијарди евра, при што уплатата се вршела од страна на централните банки во рамките на евро-зоната и тоа сразмерно согласно нивното население, како и бруто-националниот производ којшто го остварувале нивните земји.
Капитал на ЕЦБ Националните централни банки се единствени кои можат да депонираат капитал во Европската централна банка. За секоја национална централна банка, износот на капиталот зависи од бројот на жителите на земјите членки, како и од нивното вкупно учество во БДП на Европската заедница.
Табела 1: Учество на националните централни банки во капиталот на Европската централна банка[htttp://ecb.eu./ecb/orga/capital/html/index.en.html#euro ECB (пристапено на 12.3.2016)]
Национална централна банка Процент од капиталот Уплатен капитал (во евра) Nationale Bank van België / Banque Nationale de Belgique 2,4256 139.730.384,68 Deutsche Bundesbank 18,9373 1.090.912.027,43 Central Bank and Financial Services Authority of Ireland 1,1107 63.983.566,24 Bank of Greece 1,9649 113.191.059,06 Banco de España 8,3040 478.364.575,51 Banque de France 14,2212 819.233.899,48 Banca d'Italia 12,4966 719.885.688,14 Central Bank of Cyprus 0,1369 7.886.333,14 Banque centrale du Luxembourg 0,1747 10.063.859,75 Central Bank of Malta 0,0632 3.640.732,32 De Nederlandsche Bank 3,9882 229.746.339,12 Oesterreichische Nationalbank 1,9417 111.854.587,70 Banco de Portugal 1,7504 100.834.459,65 Banka Slovenije 0,3288 18.941.025,10 Národná banka Slovenska 0,6934 39.944.363,76 Suomen Pankki - Finlands Bank 1,2539 72.232.820,48 Вкупно 69,7915 4.020.445.721,56
Притоа, нето-добивките и загубите на Европската централна банка се распоредени меѓу националните централни банки во евро-зоната, согласно член 33.1 од Статутот, и тоа:ECB (пристапено на 12.3.2016) Износот одреден од Управниот совет, кој не смее да надмине 20% од нето-добивката, треба да биде трансфериран во општиот резервен фонд. Преостанатата нето-добивка треба да биде дистрибуирана на акционерите во Европската централна банка во пропорција со нивните купени акции. Според членот 33.2, во случај на остварена загуба од страна на Европската централна банка, недостатокот може да биде покриен со средства од општиот резервен фонд.
Земјите членки на Европската Унија кои се надвор од евро-зоната се обврзани да учествуваат во настанатите оперативните трошоци на Европската централна банка, согласно нивното учество во Европскиот систем на централни банки, преку плаќање на минимален процент од нивниот уплатен капитал. Од 1 јануари 2009 година, оваа учество претставува 7% од нивниот уплатен капитал во однос на вкупната сума од 121.814.467,67 евра.
Табела 2: Учество на националните централни банки во капиталот на Европската централна банкаECB (пристапено на 12.3.2016)
Национална централна банка Процент во капиталот Уплатен капитал (во евра) Българска народна банка 0,8686 3.502.591,87 Česká národní banka 1,4472 5.835.771,31 Danmarks Nationalbank 1,4835 5.982.149,49 Eesti Pank 0,1790 721.809,75 Latvijas Banka 0,2837 1.144.007,96 Lietuvos bankas 0,4256 1.716.213,56 Magyar Nemzeti Bank 1,3856 5.587.371,98 Narodowy Bank Polski 4,8954 19.740.488,44 Banca Naţională a României 2,4645 9.937.989,49 Sveriges Riksbank 2,2582 9.106.093,68 Bank of England 14,5172 58.539.980,14 Вкупно 30,2085 121.814.467,67
Националните централни банки кои се надвор од евро-зоната немаат право на учество во распределбата на добивката на Европската централна банка, ниту пак се одговорни за покривање на нејзините загуби.
Цели и задачи на Европската централна банка мини|Зградата на Европската централна банка
Цели на ЕЦБ Во членот 105.1 од “Договорот за Европската унија” е наведено дека примарна цел на Европскиот систем на централни банки (ЕСЦБ) е одржување на ценовната стабилност. Понатаму, во овој член стои дека “без да биде во спротивност со целта за ценовната стабилност, ЕСЦБ треба да ги поддржува и општите економски политики во Заедницата, со цел придонесување кон остварувањето на целите на Заедницата”. На овој начин, Договорот за ЕУ воспоставува јасна хиерархија на целите на ЕЦБ каде што целта за ценовната стабилност има највисоко значење. За разлика од Федералниот резервен систем, ЕЦБ има една примарна цел, а сите други цели се подредени на неа.
Во октомври 1998 година, Управниот совет на ЕЦБ ја дефинирал ценовната стабилност како ниво на инфлација од околу 2%, мерена преку Хармонизираниот индекс на потрошувачките цени. Управниот совет ја потврдил оваа дефиниција во мај 2003 година, по темелна евалуација на стратегијата на монетарната политика на ЕЦБ. По тој повод, Управниот совет појаснил дека “одржувањето на ценовната стабилност има за цел да се задржи стапката на инфлација под, но блиску до, 2%, набљудувано на среден рок".
Конкретната формулација на дефиницијата за стабилноста на цените има три важни последици: прво, за ЕЦБ е важна динамиката на цените во целата евро-зона, а не во поединечните земји-членки. второ, цените е мерат според нивото на потрошувачките цени, а не според други мерки (на пример, индексот на производните цени или дефлаторот на БДП). Трето, целта е поставена симетрично, т.е. и инфлацијата (зголемувањето на цените над 2%) и дефлацијата (негативните промени на HICP) не се во согласност со ценовната стабилност.
Задачи на ЕЦБ Главните задачи на ЕЦБ се воспоставување и спроведување на монетарната политика во земјите на Европскиот монетарен сојуз (ЕМУ), раководење со официјалните девизни резерви, промовирање на непречено плаќање и извршување на девизни трансакции. Освен тоа, ЕЦБ има ексклузивно право да го одобри издавањето на евробанкнотите во еврозоната.ECB (пристапено на 12.3.2016) Задачите на Европската централна банка се дефинирани во Договорот за основање на Европската унија. Одтука, ЕЦБ оносно Евросистемот ја формира и имплементира: Монетарната политика Евросистемот е одговорен за дефинирање и спроведување на монетарната политика на евро-зоната. Ова е јавната политичка функција која се спроведува главно преку операции на финансиските пазари. Важно за оваа задача е целосната контрола на Евросистемот врз монетарната база. Како дел од тоа, ЕЦБ и националните централни банки се единствените институции кои имаат право да издаваат банкноти во евро-зоната. Со оглед на зависноста на банкарскиот систем од примарните пари, Евросистемот е во позиција да има доминантно влијание на условите на пазарот на пари и на пазарните каматни стапки. Девизното работење Девизното работење влијае на девизниот курс и домашните услови на ликвидност, кои се важни за монетарната политика. Ако централната банка ја врши оваа задача, таа гарантира дека девизното работење останува доследно со целите на монетарната политика. Промовирање на непречено функционирање на платните системи Платните системи се средство за трансфер на пари помеѓу кредитните и други финансиски институции. Оваа функција ги става нив во срцето на економската финансиската инфраструктура . Доделувањето на задачата за промовирање на нивното непречено функционирање на Евросистемот ја признава важноста за постоење ефикасен платен систем - не само за водењето на монетарната политика, туку и за стабилноста на финансискиот систем, како и за економијата како целина. управување со девизните резерви