right|thumb|250px|Западната долина на реката Матукитуки гледана од местото Каскадно Седло Национален парк Маунт Аспајринг () — национален парк на Јужните Алпи, на Јужниот Остров,Нов Зеланд, северно од националниот парк Фјордленд, и помеѓу Отаго и јужен Вестленд.
Основан е во 1964 г. како 10-ти национален парк во земјата. Паркот зафаќа површина од 3.555 км2 при јужниот крај на Јужните Алпи, веднаш западно од езерото Ванака, и е мошне популарно место за планинарење, шетање и алпинизам. Паркот го носи името на локалната планина Аспајринг/Тититеја (3.033 м). Други поважни планини и врвови во паркот се Полукс (2.542 м) и Брустер (2.519 м).
На североисточниот агол од паркот се наоѓа Хастовиот Превој, една од трите важни патишта преку Јужните Алпи.
Паркот е дел од областа Те Вахипоунаму, прогласена за светско наследство на УНЕСКО.
Најпопуларни планинарски патеки се:
кружната патека Гилеспи Пас Долината Матукитуки Рутбернската патека кружната патека Рис-Дарт
Овие планинарски патеки привлекуваат многубројни странски туристи, но и домашни посетители. Некои од нив се особено прочуени заради чудесните алпски и субалпски предели низ кои минуваат.
Надворешни врски Информации за националниот парк Маунт Аспајринг - Служба за заштита на природата на Нов Зеланд
Маунт Аспајринг Категорија:Отаго