Во хемијата, амфотерноста е особина на некои супстанци да покажуваат својство на киселина или база. Зборот потекнува од грчката претставка амфи (αμφί-) што значи "обајцата". Многу метали (како цинк, калај, олово, алуминиум и берилиум, како и повеќето металоиди) имаат амфотерни оксиди или хидроксиди.
Друга класа на амфотерни супстанци се амфипротичните молекули кои можат или да оддадат, или да прифатат протон. Примери за вакви супстанц се аминокиселините и белковините, кои имаат амино и карбоксилна група, како и самојонизирачките соединенија како водата и амонијакот.
Амфотерни оксиди и хидроксидиC.E. Housecroft and A.G. Sharpe, "Inorganic Chemistry" (2nd edn, Pearson 2005), p.173-4 Цинк оксид (ZnO) реагира различно во зависност од pH на растворот:
Во реакција со киселини: ZnO + 2H+ → Zn2+ + H2O
Во реакција со бази: ZnO + H2O + 2OH- → [Zn(OH)4]2-
Овој ефект може да се искористи за да се одделат различни катјони, како на пример, цинкот од манганот.
Алуминиум хидроксидот се однесува на сличен начин:
База (неутрализирајќи киселина): Al(OH)3 + 3HCl → AlCl3 + 3H2O
Киселина (неутрализирајќи база): Al(OH)3 + NaOH → Na[Al(OH)4]
Некои други примери се:
Берилиум хидроксид со киселина: Be(OH)2 + 2HCl → BeCl2 + 2H2O со база: Be(OH)2 + 2NaOH → Na2Be(OH)4 Олово оксид со киселина: PbO + 2HCl → PbCl2 + H2O со база: PbO + Ca(OH)2 +H2O → Ca2+[Pb(OH)4]2- Цинк оксид со киселина: ZnO + 2HCl → ZnCl2 + H2O со база: ZnO + 2NaOH + H2O → Na22+[Zn(OH)4]2-
Некои други елементи кои образуваат амфотерни оксиди се: Si, Ti, V, Fe, Co, Ge, Zr, Ag, Sn, AuCHEMIX школа & лабораторија - софтвер за изучување на хемијата, од Арне Станднес (потребно е симнување на програмата)
Наводи
Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Хемиски својства Категорија:Хемија на киселините и базите