Жозеф Бонапарт — крал на Неапол и крал на Шпанија. Бил роден како Џузепе Наполеон Бонапарт на 7 јануари 1768 година. Тој е постариот брат на Наполеон Бонапарт. Работел како адвокат, политичар и дипломат, француски амбасадор во Рим. Во 1808 година станал крал на Шпанија. Веднаш по качувањето на престолот ја укинал Шпанската инквизиција. На неколкупати се обидел да го прифатат како крал во Шпанија, но без успех. Во негово време, Венецуела прогласила независност во 1810 година.
По Битката кај Викторија во 1813 година абдицирал и се вратил во Франција. Во 1814 година бил командант при одбрана на Париз. По Битката кај Ватрело заминал во Америка, а во 1841 година се префрлил во Италија. Починал на 28 јули 1844 година.
Надворешни врски Биографија за Жозеф Бонапарт Животот на Жозеф Бонапарт Статија за Жозеф Бонапарт
Категорија:Родени во 1768 година Категорија:Починати во 1844 година Категорија:Луѓе од Корзика Категорија:Шпански монарси Категорија:Монарси на Неапол Категорија:Бонапартска династија Категорија:Витези на Сантјаго Категорија:Витези на Златното Руно Категорија:Римокатолички монарси Категорија:Европски монарси од 19 век Категорија:Носители на Големиот крст на Легијата на честа