мини|Мај, од молитвеникот на војводата од Бери, 15 век thumb|210px|Rosa chinensis, цветен симбол на месецот мај Мај или косар — петтиот месец во годината според грегоријанскиот календар и еден од седумте месеци според овој календар што имаат 31 ден. Според црковното сметање на циклусите, мај е осми месец.
Во Јапонија се зборува за т.н. “мајско боледување“, односно боледување кое е типично за учениците и работниците кои почнуваат да чувствуваат замор од учењето и работата. Причината за таквата истоштеност е јапонскиот обичај учебната и работната година да започнува на 1 април.
Потекло на поимот Месецот мај името го добил или според старогрчката божица на природата Маја, или според древноримската божица на плодноста Бона Деја, чиј празник бил во мај.
Старословенското име на овој месец било тревен, буквално „тревен месец“; месец во кој никнува тревата.
Празници во мај 1 мај - Меѓународен ден на трудот 6 мај - Свети Георгиj ПобедоносецСветиот великомаченик Георгиј (Ѓурѓовден) 9 мај - Ден на победата над фашизмот
Мај како тема во уметноста и во популарната култура „Мај“ — песна на македонската поетеса Христина Аслимоска од 2003 година.Христина Аслимоска, Бисерни зборови. Охрид: Летра, 2003, стр. 35. „Мај“ - песна на Јохан Волфганг Гете.Johan Volfgang Gete, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 106. „Мајска песна“ - песна на Јохан Волфганг Гете.Johan Volfgang Gete, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 9-10. „Месец за уживанција“ — расказ за деца на македонскиот писател Киро Донев од 2013 година.Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 61. „Што се случува во мај“ — расказ за деца на Киро Донев од 2013 година.Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 62-63. „Мајска ноќ“ — поетизирана проза на македонскиот писател Блаже Конески од 1961 година.Блаже Конески, Збор и опит 1. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 164. „Мајска песна“ (хрватски: Svibanjska pjesma) - песна на хрватскиот писател Мирослав Крлежа.Miroslav Krleža, Lirika. Sarajevo: Svjetlost, 1966, стр. 13-16. „Мај“ — песна на македонскиот поет Живко Николовски.Живко Николовски, Низа ситно нанижана. Скопје: Детска радост, 1985, стр. 25. „Ден за љубов“ — песна на македонскиот поет Живко Николовски.Живко Николовски, Низа ситно нанижана. Скопје: Детска радост, 1985, стр. 27. „Мајски барјаци“ - песна на францускиот поет Артур Рембо.Артур Рембо, Боравак у паклу. Београд: Култура, 1968, стр. 73. „Мајски пејзаж“ (чешки: Májová krajina) — песна на чешкиот поет Јарослав Сајферт.Jaroslav Seifert, Přilba hlíny. Práce, Praha, 1945, стр. 56-58. „Љубов до крај“ — песна на македонскиот писател Бошко Смаќоски.Бошко Смаќоски, Модричка тетратка. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 55. „16 мај 1973 година“ - песна на полската поетеса Вислава Шимборска.Vislava Šimborska, Izabrane pesme. Beograd: Treći trg, 2014, стр. 284-285.
Наводи
Категорија:Месеци