мини|десно|350п|Регионите на Македонија. Регионите на Македонија се усвоени во Владата на Македонија во 2007 година, а во Собранието на 29 септември 2009 година. Официјално, Македонија е поделена на осум плански региони: Вардарски, Источен, Југозападен, Југоисточен, Пелагониски, Полошки, Североисточен и Скопски. Општините се единиците на локална самоуправа и на административната поделба на Македонија, додека регионите служат за статистички, економски и административни цели.

Најголем регион по површина е Пелагонискиот, кој има и најмногу населени места, околу 343, но се одликува со мала густина на населеност од 50 жители на километар квадратен, додека најмалиот регион, Скопскиот има изразито густа населеност од 319 жители на километар квадратен и апсорбира повеќе од една четвртина од вкупното население во Македонија.

Руралните населби се доста застапени речиси во сите региони, меѓутоа најголем дел од населението живее во поголемите урбани центри, што упатува на нерамномерна концентрација на населението внатре во регионите. Полошкиот и Југозападниот Регион се издвојуваат според високото учество на населението кое живее во руралните средини, додека во другите региони руралните населби се поретко населени.

NUTS

Како земја-кандитат за членство во Европската Унија, Македонија (код: MK) е вклучена во тристепената номенклатура на територијални статистички единици (NUTS). Покрај тоа постојат и два нижи степена што се однесуваат на општините и населените места.

Население Според проценките на Заводот за статистика, населението по региони е:Регионите во Македонија, 2013

2010 Регион Население Густина(жит/км2) 153.858 38,1 179.770 50,8 221.855 66,4 172.858 63,1 234.137 49,6 314.804 130,3 175.045 75,8 602.677 322,4

2011 Регион Население Густина(жит/км2) 153.822 38,1 179.387 50,7 221.517 66,3 173.056 63,2 233.628 49,5 315.964 130,8 175.266 75,9 605.899 334,2

2012 Регион Население Густина(жит/км2) 153.659 38,0 178.814 50,6 220.840 66,1 173.187 63,2 232.959 49,4 317.003 131,2 175.442 75,9 609.140 336,0

Поделба

Македонија, според Собранието на републиката, е поделена на осум региони.

Вардарски Регион

Овој регион се простира во централниот дел на Македонија и го опфаќа средното сливно подрачје на реката Вардар, долните теченија на притоките Брегалница и Црна Река и крајниот западен дел од Овче Поле. Зафаќа површина од 4.042 квадратни километри или 16,2 проценти од територијата на Македонија. Вардарскиот Регион го соочинуваат следните општини: десно|270п|мини|Вардарскиот Регион во рамките на Македонија.

Источен Регион

Овој регион го опфаќа сливното подрачје на реката Брегалница и зафаќа површина од 3.537 квадратни километри или 14,2 проценти од територијата на Македонија. Источниот Регион го соочинуваат следните општини: 270п|десно|мини|Источниот Регион во рамките на Македонија.

Југозападен Регион

Овој регион го опфаќа сливот на Охридското Езеро и сливното подрачје на реката Треска, зафаќа површина од 3.340 квадратни километри или 13,4 проценти од територијата на Македонија. Југозападниот Регион го соочинуваат следните општини: мини|270п|десно|Југозападниот Регион во рамките на Македонија.

Во март 2013 година општините Вранештица, Другово, Зајас и Осломеј биле припоени кон општина Кичево.

Југоисточен Регион

Овој регион ги опфаќа Струмичко-радовишката и Гевгелиско-валандовската Котлина, односно сливното подрачје на Струмичката Река и долното сливно подралје на реката Вардар. Неговата површина е 2.739 квадратни километри или 11 проценти од територијата на Македонија. Југоисточниот Регион го сочинуваат општините: мини|270п|десно|Југоисточниот Регион во рамките на Македонија.

Пелагониски Регион

Овој регион ги опфаќа Пелагониската и Преспанската Котлина, зафаќа површина од 4.717 квадратни километри или 18,9 проценти од територијата на Македонија. Пелагонискиот Регион го сочинуваат општините: мини|270п|десно|Пелагонискиот Регион во рамките на Македонија.

Полошки Регион

десно|мини|270п|Полошкиот Регион во рамките на Македонија. Овој регион ги опфаќа Полошката Котлина, Мавровската Висорамнина, планинскиот масив Бистра и долината на реката Радика. Вкупната површина на регионот е 2.416 квадратни километри или 9,7 проценти од територијата на Македонија. Полошкиот Регион го сочинуваат општините:

Североисточен Регион

Овој регион го зафаќа сливното подрачје на реката Пчиња и Крива Река. Вкупната површина на регионот изнесува 2.310 квадратни километри, што претставува 9,3 проценти од вкупната површина на Македонија. Североисточниот Регион го сочинуваат општините: мини|десно|270п|Североисточниот Регион во рамките на Македонија.

Скопски Регион

Овој регион ја опфаќа скопската котлина, а неговата површина изнесува 1.812 квадратни километри или 7,3 проценти од вкупната површина на Македонија. Скопскиот Регион го сочинуваат општините: мини|десно|270п|Скопскиот Регион во рамките на Македонија.

Наводи

Поврзано

NUTS на Македонија Административна поделба на Македонија Општини во Македонија

Надворешни врски Регионите во Македонија, 2009 - публикација на Заводот за статистика База на податоци за општините во Република Македонија Министерство за локална самоуправа на Република Македонија