Милан Стефанов Јовановски ( во Тетово) — специјалист по патолошка анатомија, редовен професор на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје од 1990 година, директор на Институтот за патологија.д-р Марјан Димитријевски: „Декани - 1947-2012“, Скопје, Медицински факултет, 2015 г., стр. 89-92
Животопис Основно образование учел во Тетово и Скопје, а средно образование завршил во Скопје. Дипломирал медицина во Скопје во 1960 година, а хабилитирал за микроскопските промени на дисеминирана интраваскуларна коагулација кај фулминантни форми на хепатит во 1972. Се усовршувал во Шведска и во југословенските центри. Формирал и организирал лабораторија за примена на имунофлуоресцентниот метод за дијагностички и научни цели, особено кај автоимуните и кај ендокрините заболувања. Бил продекан (1978–1980) и декан (1988–1990) на Медицинскиот факултет во Скопје, проректор на УКИМ (1991 - 1992), директор на Институтот и шеф на Катедрата по патолошка анатомија (1982–1988, односно 1986) и претседател на МЛД и на Сојузот на лекарите на Југославија. Публикувал над 85 трудови и авторизирана скрипта од предавањата по предметот патолошка анатомија.Билтен УКИМ, бр. 531. К. К.-П.
Носител е на високи државни одликувања, како што се: Орден на заслуги за народот со сребрени зраци, Орден на Републиката со бронзен и сребрен венец, и други.
Наводи
Категорија:Луѓе од Тетово Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски лекари Категорија:Македонски универзитетски професори