Душко Малевски (Тетово, - Скопје, ) бил македонски новинар, еден од најпознатите македонски надворешно-политички коментатори и уредници. Во новинарството бил од 1948 година. Од 1951 во „Нова Македонија“ каде што останува до пензионирањето во 1985. Тој е ден од основачите на неделникот „Репортер“. Бил известувач од многубројни значајни настани и форуми во светот. Единствен новинар на „Нова Македонија“ што бил постојан дописник од Париз, Рим, Атина и Софија. Бил учесник во НОБ.

Наводи

Категорија:Македонски новинари Категорија:Луѓе од Тетово Категорија:Починати во Скопје Категорија:Југословенски новинари