Крв () — течно сврзно ткиво кое се среќава кај сите ‘рбетници и некои без‘рбетни животни. Таа циркулира низ крвните садови и нејзина најзначајна улога е транспортната — хранливи материи, екскрети, кислород и јаглерод диоксид од и до клетките. Меѓутоа, за разлика од останатите сврзни ткива, во крвта нема нишковидни творби, односно фибрили — колаген или еластични влакна.

Крвта во крвните садови се наоѓа во течна состојба. Надвор од крвните садови таа се засирува (коагулира). Доколку на крвта и додадеме определена количина на некоја антикоагулантна материја до засирување нема да дојде. Ако ваква крв оставиме да стои извесно време или ако веднаш ја центрифугираме ќе забележиме дека дошло до издвојување на два сосема различни слоја. Горниот слој е проѕирен безбоен или лесно жолтеникав тоа е крвната плазма. Долниот непроѕирен слој го сочинуваат оформени елементи: еритроцити (црвени крвни клетки), леукоцити (бели крвни клетки) и тромбоцити (крвни плочки). Во седиментот што го образуваат оформените елементи можат да се забележат два слоја. Горниот слој е сосема тенок има светложолтеникава боја, а потекнува од белите крвни клетки. Долниот слој, многу поголем и со изразено црвена боја кој го образуваат црвените крвни клетки. Ваков распоред на оформените елементи при седиментација или центрифугирање зависи од нивната специфична тежина. Еритроцитите имаат голема специфична тежина поради присуство на крвна боја-хемоглобин или железо што влегува во состав на неговата молекула.

Хематокрит мини|Постапка при вршење хематокрит. Хематокритот претставува процентен однос меѓу крвната плазма и оформените елементи на крвта. Овој квантитативен однос меѓу плазмата и оформените елементи се определува со хематокритски метод. Кај здравите луѓе овој однос е прилично стабилен. На крвната плазма отпаѓаат 55%, а на оформените елементи 45%. Физиолошките варијации се движат од 52-58% за крвната плазма и 42-48% за оформените елементи. Кога говориме за хематокритот секогаш мислиме на процентната застапеност на оформените елементи, всушност, еритроцитите кои доминираат меѓу крвните клетки. Тој може да биде нормален, низок и висок. Низок хематокрит се забележува при анемии после силно озрачување итн., а висок во сите случаи при кои настанува губење на течности од организмот (потење, изгореници, проливи итн.). Хематокритот кај мажите е повисок во споредба со жените, поради разликата што постои во бројот на еритроцитите би можеле да заклучиме, дека крвта се состои од два дела, од крвна плазма и оформени елементи.

Крвни елементи

Еритроцити

thumb|150px|right|Црвени крвни клетки (еритроцити)

Облик, големина и број

Еритроцитите се безјадрени клеточни елементи. Гледани однапред имаат тркалезна форма, а отстрана нивниот изглед наликува на двојно вдлабнат диск. Пречникот на еритроцитите се движи меѓу 6,5 и 8 микрони или во просек 7,3 микрони. Дебелината на периферниот дел изнесува во пресек 2,2 а во централниот 1,2 микрони. Бројот на еритроцитите кај мажите просечно изнесува 5х10¹²/l (5 000 000 во 1 mm³), а кај жените 4,5х10¹²/l (4500000 во 1 mm³). Тој се менува под влијание на дејството на внатреѓни и надворешни фактори (дневни, сезонски варијации, мускулна работа, силни емотивни напрегања, губење на течности, живеење на големи височини итн.). Покачен број на еритроцитите во крвта се вика еритроцитоза, а намален еритропенија.

Стуктура и хемиски состав Еритроцитите се состојат од површинска Липобелковинска опна и строма во чиј состав влегува крвната боја хемоголобинот. Најголем процент од еритроцитарната содржина отпаѓа на водата (62-65%). Хемоглобинот е застапен од 30-34%, а другите материи од 3-7%. Еритроцитарната мембрана покажува селективна пропустливост за голем број органски и неоргански материи. Таа е лесно прoпустлива за водата, уреата и едновалентните анјони (бикарбоните, хлориди, хидроксилни јони и др.), а непропустлива за јоните на калциум, пептиди и белковини. Органските материи како што се гликозата и аминокиселините лесно минуваа низ еритроцитарната мембрана. Јоните на калиум влегуваат во еритроцитот по пат на активен транспорт. Концентрацијата на калиум во еритроцитите многу е поголем во споредба со калциумот што е во потполна спротивност со нивната концентрација во крвната плазма.

Хемолиза

Хемолизата претставува процес при кој хемоглобинот од еритроцитите излегува во околниот раствор поради оштетување или прскање на еритроцитарната мембрана. Хемолизата може да се предизвика со употреба на:

Механички средства: грубо мешање со стаклено стапче или кварцен песок; топлина, електрична енергија; Хемиски средства:органски растворувачи (етер, бензин, хлороформ), жолчни киселини и други материи кои дејствуваат врз липидниот дел од еритроцитарната мембрана, така што таа станува прoпустлива до таа мерка, па го пропушта и хемоглобинот.Друг вид хемиски материи како што е, на пример хлороводородната киселина, врши оштетување на белковинскиот дел од мембраната и предизвикува хемолиза.

Хемолизата може да се предизвика со дејствување на биолошки средства како што се отровите од змии,пчели,оси,пајаци, и други животни. Нехомолизираната крв е непроѕирна, а хемолизираната светла и проѕирна(дава впечаток како да е „лакирана“.

Седиментација на еритроцитите Крвта, помешана со некое антикоагулантно средство (на пример натриум цитрат) и ставена во епрувета, што се наоѓа во вертикална положба, по извесно време ќе се раздели на два дела.

Горниот слој го претставува крвната плазма, а во долниот дел се наоѓаат оформените елементи, претежно еритроцити. Таложење (седиментација) на еритроцитите настанува под влијание на Земјината привлечна сила. На брзината на седиментацијата на еритроцитите влијаат повеќе фактори кои можат да се групираат во две групи:

плазматични и клеточни.

Плазматични фактори Процентно зголемување на крвните белковини во молекулска маса (фибриноген, α и β-глобулин) придонесуваат седиментацијата на еритроцитите да биде забрзана. Овие материи, познати како агломерини, вршат агломерација на еритроцитите во формации слични на цилиндри што ги формираат металните монети. Агломерацијата на еритроцитите е една од причините за забрзување на процесот на седиментацијата.

Клеточни фактори Бројот, волуменот и промената во електричниот полнеж на еритроцитите може да биде причина за забрзана седиментација. Намален број на еритроцитите ја забрзува, а зголемен ја забавува седиментацијата. Макроцитите (големи еритроцити) исто така ја забрзуваат седиментацијата. Што не е случај со нормацитите и микроцитите. Површината на еритроцитите, леукоцитите и тромбоцитите е обележана со белковини што ги прави да се однесуваат како честички со негативен електричен полнеж. Поради истите причини интимата на крвните садови има негативен електричен полнеж.Според физичките закони, честички со ист електричен полнеж меѓусебно се одвиваат. Тоа е една од основните причини за да бидат оформените елементи во суспендирана состојба во крвта. При намаленото таложење на белковините врз еритроцитарната мембрана се намалува-електричниот полнеж, а со тоа и силите на одбивање што позитивно влијае врз процесот на седиментацијата. Одредување на брзината на седиментацијата на еритроцитите има важно клиничко значење за голем број заболувања. Седиментацијата на еритроцитите се одредува во специјални градуирани пипетки. Најчесто применуван метод е методот на вестергрен. Вестегреновата пипетка исполнета со крв на кое и е додадено антикоагулантно средство, се става во специјален сталак да стои строго вертикално. На крај од првиот и вториот час се чита вредноста за висинта на издвоента плазма. Нормалните вредности за првиот час кај мажите се движат под 3–8 mm а кај жените од 7–12 mm. Вредностите на крај на вториот час се речиси двојно поголеми. Враќање на седиментацијата во границите на нормални вредности претставува добар прагностички знак во текот на заболувањето. Нормални вредности на седиментацијата Под нормални вредности се сметаат следниве интервали:

Mажи под 50 годишна возраст: помалку од 15 mm/час; мажи над 50 годишна возраст: помалку од 20 mm/час; жени под 50 годишна возраст: помалку од 20 mm/час; жени над 50 годишна возраст: помалку од 30 mm/час. Новороденче: 0–2 mm/час; деца до пубертет: 3–13 mm/час.

Има луѓе кои, од необјаснети причини, од раѓање имаат зголемена седиментација и никогаш во животот не им се открива заболување, кое би можело да ја објасни вака зголемената седиментација кај нив.

Зголемени вредности на седиментација Анемија; бубрежни заболувања; остеомиелит; бременост; ревматска грозница; ревматоиден артрит; сифилис; системски еритемски лупус; заболувања на штитната жлезда; туберкулоза; други воспалителни состојби.

Изразито зголемена седиментација (трицифрена) „Giant cell“ артеритис; хиперфибриногенемија (зголемена концентрација на фибриноген во крвта); мултипли миелом; примарна макроглобулинемија; некротизирачки васкулитис; ревматична полимијалгија.

Намалени вредности на седиментацијата Застојна срцева слабост; хипервискозност; хипофибриногенемија; хипопротеинемија; полицитемија; српеста анемија.

Состојби кои може да влијаат на промена на резултатот на седиментацијата Алергиски васкулитис; атријален миксом; автоимун хепатит; ендометиритис; еризипел; јувенилен ревматоиден астритис; легионерска болест; воспаление на срцевата обвивка по инфаркт на срцето и др.

Живот на еритроцитите Еритроцитите се создаваат во коскената срцевина и постојано навлегуваат во крвната циркулација. Просечниот живот на еритроцитите изнесува 120 дена, што значи дека во периферната циркулација ги има со различна старост. Старите еритроцити се разрушуваат во лиенот, хепарот и коскениот мозок, од страна на клетките од ретикулоредотелијалниот систем (РЕС). Продукцијата на ертроцитите од страна на коскената средина стои под контрола на еритропоетинот — материја што се лачи, главно, во бубрезите како резултат на создадена хипосија (намален делумен притисок на кислородот во крвта) во организмот. Количината на ослободениот ертропоетин зависи од степенот на хипоксијата. Еритропоетинот дејствува стимулатвино врз коскената срцевина што се засилува создавањето на еритроциите и зголемување на нивниот број во префиерната циркулација. Ова зголемување на боројт на еритроцитите ја намалува или отстранува хипоксијата, а со тоа се намалува или престанува продукцијата на еритроцитите. Овој систем на контрола на бројот на еритроцитите дејствува врз принципот на повратна врска.

Функции на еритроцитите Дишната функција на еритроцитите се должи на присуството на хемоглобинот кој има сособност да ги прима и отпушта кислородот и јаглерод диоксидот.

Транспортната функција на еритроцитите се состои во транспортирањето на атсорбираните аминокиселини од дигестивните кон другите органи во оранизмот.

Регулација на електрохемиската реакција на крвта се остварува преку хемоглобинот. На хемоглобинскиот пуферски систем отпаѓаат 70-75% од вкупниот пуферски капацитет.

Леукоцити

Леуоцитите претставуваат подвижни елементи од заштитниот систем на крвта. Покрај присуството во крвта тие се наоѓаат во лимфата, ткивата и ткивната течност. Леукоцитите се разнородни клетки кои меѓусебно се разликуваат по: форма, големина, број, место на создавање, структура и функции.

Морфолошки одлики

По однос на морфолошкиот изглед на обоениот препарат леукоцитите од периферната крв ги делиме на две групи: гранулацитит и агранулацитит. Основен критериум за ваква поделба е присуството, всушност, отсуството на гранули во нивната протоплазма. Во групата на гранулите спаѓаат: неутрофилни, еозинофилни и базофилни леукоцити, а во групата на агрануларните; лимфоцити и моноцити.

Поделба на гранулоцитите во групата на неутрофили, едонофили и базофили е извршена според бојата на нивните гранули.

Јадрата на гранулоцитите обично се сегментирани што дава впечаток како да се работи за присуство на повеќе јадра во клетката. Токму поради оваа полиморфност на јадрото леукоцитите од гранулоцитната група се нарекуваат полиморфоникулаерни леукоцити.Во групата на гранулоцитите спаѓаат и лимфоцити и моноцити.