Атанас (Ацо) Петровски (Тетово, - Скопје, ) — македонски филмски режисер и продуцент.
Животопис Петровски е роден во Тетово на 12 мај 1923 година. Од 1945 година вршел одговорни функции во конституирањето на македонската кинематографија. Тој е еден од организаторите на првата македонска независна филмска продукција ФРЗ во 1968 година. Во 1976 е именуван за прв директор на Кинотеката на Македонија, каде што останува до пензионирањето во 1985.
Филмографија Режирал околу 20 документарни филмови, меѓу кои и: „Велигденски адети“ (1953), „Галичка свадба“ (1955), „Стара чаршија“ (1955), „Дервиши“ (1955) и „Тенда“ (1955).
Наводи
Категорија:Луѓе од Тетово Категорија:Починати во Скопје Категорија:Македонски режисери Категорија:Македонски продуценти