Знамето на Пакистан (урду: پاکستان کا پرچم) е националното знаме на државата кое е дизајнирано од страна на Сјед Амир-удин Кедваи. Ова знаме се заснова на знамето на Муслиманската лига, кое пак потекнува од знамето на Могулското Царство од Индија. Пакистанското знаме е усвоено на уставното собрание. на 11 август 1947 неколку денови пред независността.

Знамето е составено од две ленти, бела и зелена и во зеленото поле има бела полумесечина и бела ѕвезда. Зелената боја ги претставува муслиманите во земјата. Белата боја ги претставува религиозните малцински групи Месечината и ѕвездата претставуваат прогрес.

Наводи

Поврзано Грб на Пакистан Пакистан

Надворешни врски

Категорија:Знамиња на Пакистан Категорија:Национални симболи на Пакистан П