Russian Roulette е првиот сингл на бахамската пејачка Ријана од нејзиниот четврти албум насловен како Rated R. Автор на песната е самата Ријана заедно со Р&Б изведувачот Не-Јо. За првпат е објавена на радио на 20 октомври 2009 во 11:23 часот.

Заднина

На 14 октомври, Ријана на нејзината официјална страна на Twitter изјавила „The Wait Is Ova. Nov 23 09“ (на ). Тоа беше почеток на шпекулациите дали таа издава нов албум во блиска иднидна или тоа е неговиот наслов. На 16 октомври 2009 часовник со одредено време беше поставено на нејзиното официјално мрежно место, а тоа всушност го претставуваше времето кога нејзиниот нов сингл ќе биде издаден. На 20 октомври, официјалното мрежно место на Ријана постави целосен клип за „Russian Roulette“.

Не-Јо за врската меѓу Ријана и „Russian Roulette“ изјави дека: „Таа сакаше да биде темно, но не само темно заради темното“ изјави за MTV News. „Темно со некое значење, темно со нешто поврзано со него“. Тој за песната изјави дека тоа неговата прва песна во која не се работи само за љубов туку е целосна театарска и измислена приказна.

Историја на издавање

ДржаваДатумФормат Издавач Свет 20 октомври 2009.Радиска премиераUniversal Music САД 27 октомври 2009.ЕарплејDef Jam3 ноември 2009дигитален даунлоадВелика Британија16 ноември 2009 ЦД синглMercury

Наводи

Категорија:Песни на Ријана Категорија:Синглови од 2009