Религија во Норвешка е претежно протестантска (Евангелско-Лутеранска), со 82,7% од вкупниот број на населението на Норвешка.Statistics Norway , numbers from 2006 Раните Норвежани, како и сите народи на Скандинавија, биле многубожници верувајќи во Нордиската митологија. Благодарение на напорите на христијанските мисионери, Норвешка била постепено христијанизирана. Тој процес започнал некаде во 1000 година, а завршил во околу 1150 година. Пред реформацијата, Норвежаните биле дел од Римокатоличката црква, но по 1536 година тие го примиле протестантството.
Исламот е втората најголема религија. Главната причина се гледа поради миграцијата во последните неколку години. Сепак, според пописите, во земјата живеат и голем број на нерелигиозни верници.
Според последната анкета спроведена од страна на Евробарометар во 2005
32% од норвешките граѓани одговориле дека "веруваат во Бог односно дека тој постои". 47% одговориле дека "веруваат во некоја друга натприродна сила". 17% одговориле дека "не веруваат ниту во Бог ниту во некоја друга сила". 4% одговориле дека "не знаат".
Наводи