Илија Чавкаловски (Долно Перово, Ресенско, ) — македонски градежник и експерт од областа на Преспанското Езеро.

Животопис

Чавкаловски е роден е на 17 јуни 1941 во Долно Перово, денес во Општина Ресен. Основно четиригодишно училиште завршил во родното село, а од 5-то до 8-мо одделение во осмолетката „Браќа Миладиновци” во Царев Двор. Средно техничко училиште архитектонско-градежен отсек завршил во Скопје во учебната 1959-60 година. Дипломирал на Градежниот факултет во Скопје 1966 година. Од 1966 година до пензионирањето во 2001 година, тој работел во градежната служба на поранешната ЈНА и во градежната служба на АРМ. Последипломиски по просторно планирање завршил на природно-математичкиот факултет во Скопје, Институт по Географија во 1995 година. Магистерска тема му била „Промените на нивото на водата во преспанското езеро и нивното влијание на планирањето на крајбрежниот простор”. Со истражувањето на преспанската котлина започнал во 1983 година по потреба на работните задачи.

Библиографија

Ги издал следните трудови: “Преспанско Езеро-Осцилации на нивото на водата” 1997 година-Скопје и “Преспа” 2001-Скопје.

Подготвен му е ракопис од истражувањата за населбите во преспанската котлина од 1568/69 до 2009 година.

Наводи

Категорија:Луѓе од Перово