Македонски даб (крастечки цер, острогон, клецер, црн цер; (, syn. Quercus macedonica) — од родот даб, илирски субендемит од Апулија, Италија, југозападниот дел на Балканскиот Полуостров и од Мала Азија.
Опис Македонскиот даб е листопадно дрво од средна големина, расте до 15 м, со темнозелени кожести листови, елипсовидни, плитко но остро назабени. Едногодишните гранчиња се црвеникаво кафеави и густо препокриени со ситни ѕвездести влакненца. Лисната ламина 4-10 см долга, ланцентна или издолжено круглеста. Пупките околу 5 мм долги, јајцевидни, на врвот заострени. Плодот е желадот кој е крупен, и созрева во втората година. Видот е изразено сушоотпорен.
Во Македонија Во Македонија е застапен на суви, претежно карбонатни предели. Расте по засолнети станишта и обично врз варовник до 1000 метри надморска височина, а на одделни места се искачува и повисоко. Се среќава главно западно од линијата Лепенец-Вардар, но најчесто е во сливовите на Треска, Црна Река и Дрим, особено околу Преспанската и Охридската Котлина, Мариово, како и помеѓу Пчиња и Овче Поле, во заедница со видот Ostryo-Carpinion orientalis.
Наводи
Категорија:Даб Категорија:Флора на Македонија