Тома Костов Давидов (2 мај 1863 - 15 март 1903) — офицер од Бугарија,Списък на членовете на Върховния македоно-одрински комитет (март 1895 – февруари 1903 г.) pdf учесник во македонското револуционерно движење, член и раководител на Македонскиот комитет од Софија, подоцна станува војвода на Македонската револуционерна организација.
Животопис
Роден е во Ловеч, Бугарија на 2 мај 1863 г. Завршил воено училиште во Софија со Гоце Делчев и Борис Сарафов.
Учествувал во српско-бугарската војна. Во летото на 1895 г. учествува во Мелничко востание, кое било во организација на Македонскиот комитет.
По акцијата Давидов се вклучил во работата на офицерските братства. На VІ македонски конгрес во 1899 година бил избран за член на Македонскиот комитет заедно со Борис Сарафов, Антон Бозуков, Славчо Ковачев и Христо Саракинов.
На VІІ македонски конгрес во 1900 година бил реизбран за потпретседател на Комитетот. Потоа, разочаран од идејните меѓусебни борби меѓу македонско-одринските дејци, во 1902 г. заминува за Македонија како војвода на ревизиона чета од ТМОРО во Битолско, Охридско и Демирхисарско. Му велил на заминување на Гоце Делчев пророчки: . Загинал од турска заседа кај с. Оздолени, Охридско, на 15 март 1903 г. Димитар Поп Андов пишува за него:
На 15.03.2020 година граѓани од Охрид поставиле спомен-плоча близу Оздолени во чест на годишнината од убиството на Давидов. Плочата била уништена од вандали по две недели.ОМ: МВР да открие кој ја уништи плочата на војводата Тома Давидов. Ohrid1.com. 31/03/2020.
Извори
Надворешни врски
http://www.angelfire.com/super2/vmro-istorija/Foto/toma-d.html
Категорија:Дејци на ВМОК Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски војводи Категорија:Македонски револуционери Категорија:Учесници во Мелничкото востание