Никола Тодоров (Скопје, ) — македонски политичар, дипломат и адвокат.

Животопис Во периодот од 1994 до 1997 година Никола Тодоровв учел на правната насока во СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“ во Скопје. Во 2002 година дипломирал на правниот факултет во Скопје, насока „Граѓанско право“. Покрај македонскиот одлично зборува и англиски, додека грчкиот го владее на почетно ниво.

Никола Тодоров во периодот од 10 јули 2009 до 28 јули 2011 година, тој ја извршувал функцијата министер за образование и наука, додека во периодот од 28 јули 2011 до 1 јуни 2017 година ја извршувал функцијата министер за здравство.

По Парламентарните избори од 2016 година, Тодоров бил избран за пратеник во Собранието на Македонија, но од таа функција се откажал со образложение дека сака да се посвети на адвокатурата.http://www.24vesti.mk

Тодоров во годините си заработил непопуларно име со кое многу често го опишувале оние кои не биле задоволни од неговата работа - „Министерот за смрт“.

Смртта на деветгодишната Тамара Димовска од Велес, која имала искривување на рбетот, бил еден од кобните случаи кои како виновник му се припишувани на Тодоров. Битката за спас на девојчето со надлежните установи траела цели три месеци, за тоа дали нејзиниот зафат од 30.000 ќе го плати Фондот за здравствено осигурување. Но, Тамара не издржала во правната процедура и чекајќи потпис од лекарите. За оваа голгота на семејството и смртта на Тамара, имало протести против Тодоров, а опозицијата му поднела интерпелација. Сепак, Тодоров преживеал и со помош на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, тој останал министер.

Тој бил вклучен во скандалот со тендерот за набавка на ренген и дигитални апарати во вредност од 1 милион евра, што го добила фирмата Визарис МКД, поврзана со новинарката од Сител, Ивона Талевска. Откако СДСМ ја обелодениле оваа афера, договорот бил раскинат, а Тодоров се правдал дека постапката за набавка на опремата била законска и „малку неетична“.

Наводи

Надворешни врски Биографија на Страната на МОН

Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од Скопје Категорија:Правници од Скопје Категорија:Министри за образование и наука на Република Македонија Категорија:Министри за здравство на Република Македонија Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2008 Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2011 Категорија:Политичари од ВМРО-ДПМНЕ Категорија:Пратенички состав 2016-2020 Категорија:Апсолвенти на Правниот факултет „Јустинијан I“ - Скопје