Христијанството е доминантна религија во Швајцарија, поделено помеѓу Римокатоличката црква (46% од населението спред податоци од 2008) и Швајцарската реформска црква (40%). Имиграција го донел исламот во изминатиот век, и денеска бројот на муслиманитер е околу 4.26%. Истот се однесува и за православието, чијшто процент е околу 1.8%. Други помали религиозни зеадници се различни протестантски вероисповеди (во висина од 1,94%), Нова Апостолска Црква (0,45%), Хиндуизам (0,38%), Будизам (0,29%), Јудаизам (0,25%), Јеховините сведоци (0,23%) и Старокатоличка црква (0,18%). 11,11% од Швајцарија се атеисти според податоци од 2000 година, други 4,33% одбиле да дадат изјава.

Според последната анкета спроведена од страна на Евробарометар во 2005,,

48% од швајцарските граѓани одговориле дека "веруваат во Бог односно дека тој постои". 39% одговориле дека "веруваат во некоја друга натприродна сила". 9% одговориле дека "не веруваат ниту во Бог ниту во некоја друга сила".

Наводи