Топола (науч. Populus) — род на листопадни дрва од семејство врби (Salicaceae). Содржат околу 30 вида високи листопадни дрвја од северната полутопка. Листовите се прости, на долга, сплескана дршка. Има дводомни со еднополни цветови, собрани во цветни реси. Плодовите се мали чушки со ситно семе, снабдено со бели влакна. Виреат во крајречната растителност.
Во Македонија мини|лево|Топола (сликана во Кратово)
Во Република Македонија природно се застапени:Македонска Енциклопедија, Скопје: МАНУ, 2009, ISBN 978-608-203-023-4 белата топола (Populus alba) со сивобела кора, со бели и влакнести леторасти и со листови со јајцевидна форма на кусорастите и со засечени лапи на долгорастите, сребренесто-бели од грбот; црната топола (Populus nigra), со ромбични или со триаголни, мазни листови и со испукана сиво-кафеава кора; сивата топола (Populus x canescens Sm.), природен хибрид меѓу белата топола и јасиката. јасика (Populus tremula)
Тополата како тема во уметноста „Јаблани“ (српски: Jablanovi) - песна на српскиот поет Јован Дучиќ.Zoran Mišić, Antologija srpske poezije. Nolit, Beograd, 1963, стр. 107. „Патниците и тополата“ — басна на старогрчкиот баснописец Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 29-30. „Топола“ — расказ за деца на македонскиот писател Неџати Зекерија.Неџати Зекирија, Орхан. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 51-52. „Топола“ — песна на македонскиот поет Матеја Матевски.Матеја Матевски, Подготовки за патување: избор од поезијата, Македонска книга, Скопје, 1987, стр. 49.
Наводи
Категорија:Дрва Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј