thumb|290px|Нектар од камелија Нектар е слатка течност што ја излачуваат жлездите на цветните растенија. Тоа е хранлива состојка со помош на која растенијата ги привлекуваат пчелите и другите инсекти, за да го подобрат нивното опрашување. Во пчеларствотоЕдна пчела од еден излет внесува во кошницата околу 35-49 мг. нектар нектарот што го собираат пчелите се користи во производството на мед.

Во старогрчката митологија, нектарот е име за пијалакот на боговите, посладок од медот, а кој заедно со амброзијата им овозможувал да ја задржат вечната младост.

Нектарот како тема во уметноста и во популарната култура Нектарот се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура, како: „Капки нектар“ - песна на Јохан Волфганг Гете.Johan Volfgang Gete, Pesme. Beograd: Rad, 1964, стр. 52 „Нектар“ (англиски: Nectar) - песна на британската рок-група „Тиндерстикс“ (Tindersticks) од 1993 година.DISCOGS, Tindersticks ‎– Tindersticks (пристапено на 19.8.2018)

Извори

Категорија:Пчеларство Категорија:Цвеќиња Категорија:Опрашување Категорија:Старогрчка митологија