„Wait Your Turn“ — песна на Р&Б изведувачката Ријана. Напишана од страна на The-Dream и самата Ријана, а продуцирана од StarGate и копродуцентите Чејс & Статус, песната е вклучена во четвртиот студиски албум на Ријана Rated R. Како официјален сингл ќе биде реализирана во 2010 во Велика Британија.
Позадина и реализација
Краток дел од песната со наслов „The Wait is Ova“ како позадинска музика се појави во промо видеото за Rated R на официјалното мрежно место на Ријана Rihanna Now. Подоцна беше потврдено дека официјалниот наслов на песната е Wait Your Turn. Авторот на песната изјавил дека продукциската куќа ја избрала баш оваа песна за втор сингл од албумот. Но, подоцна било објавено дека втор сингл од албумот во САД ќе биде „Hard“, а „Wait Your Turn“ ќе биде реализран како официјален сингл во раната 2010 во Велика Британија.
Омот
Како и претходно на омотот за Russian Roulette, Ријана и на овој омот е полугола. Таа ги крие своите гради со рацете и седи на столче со искинати сини фармерки. Исто така и на омотот за Hard таа е полугола и најверојатно така ќе биде на секој омот од сингл на Rated R.http://www.expressindia.com/latest-news/Rihanna-goes-topless-for---Wait-Your-Turn---cover/540145/
Музичко видео
thumb|250px|лево|Ријана во нејзиното видео за „Wait Your Turn“
Видеото за „Wait Your Turn“ беше снимено на 16 октомври 2009 во Вашингтон, Њујорк и Берлин. Режисер на видеото е Ентони Медлер кој е и режисер на повеќето претходни видеа на Ријана. Официјалната премиера на видеото беше на 3 ноември 2009 на RihannaNow.comIslandDefJam. Целото видео е изработено со црно-бел ефект. Во видеото има сцени на мост, сцена каде што во позадината има голем број на згради, а исто така и сцена во црква каде што Ријана ја пее песната.
Историја на издавање
ДржаваДатум Продукциска куќа ФорматВелика Британија2010Def Jam]ЦД сингл
Наводи
Категорија:Песни на Ријана